Папата: Крстот не е украс, туку повик на љубов

Папата: Крстот не е украс, туку повик на љубов

Кој умира со Христос, со Христос и ќе воскресне; кој се бори заедно со Него, победува со Него – истакна папата Фрањо во пладневниот наговор на 12 март 2017 година на плоштадот Свети Петар.

Папата понуди размислување за денешното Евангелие во кое читаме како Исус заедно со своите ученици Петар, Јаков и Иван отишол на висока гора и се преобразил пред нив, покажувајќи им ја така својата слава. Светиот Отец рече дека целта на таа „светлина“ била да ги расветли умовите и срцата на учениците така што јасно да можат да сфатат кој е нивниот Учител. Тој блесок на светлината го расветлува таинството Исусово, целата негова личност.

Папата потсети дека Исус е на пат кон Ерусалим каде ќе претпри смрт со распнување и затоа сака да ги подготви своите ученици на соблазната – соблазната на крстот – која е премногу силна за нивната вера, но во исто врме со преобразувањето го навестува своето воскресение, покажувајќи се како Месија, Син Божји.

Но, станува збор за поинаков Месија околку што луѓето очекувале – предупреди папата Фрањо. Исус не е силен и славен цар, туку невооружен и понизен слуга; тој не е господар на големо богатство – што е знак на благослов – туку сиромав кој нема каде главата да ја наслони; не е ниту патријарх со бројно потомство, туку неоженет без кров над главата. Навистина станува збор за Божја објава која е поставена наопаку, но знак кој најмногу вознемирува во тоа скандалозно извртување е крстот. Но, токму преку крстот Исус дојде до славното воскресение.

Светиот Отец рече дека Исус се преобрази на гората Тавор, сакајќи со тоа на учениците да им ја покаже својата слава, но не за да ги поштеди да не одат по патот на крстот, туку да покаже каде крстот ќе ги однесе. „Кој со Христос умира, со Христос и ќе воскресне. Крстот ја преставува вратата кон воскресението. Кој се бори заедно со Него, ќе победи со Него,“ истакна Папата.

Христијанскиот крст не е украс, туку тоа е повик на љубов со кој Исус се жртвува за да го спаси човештвото од злото и гревот – рече папата Фрањо и ги повика верниците за време на Великиот пост со побожност да размислуваат за крстот: станува збор за симболот на христијанската вера, симболот Исус кој за нас умре и воскресна. Крстот треба да ги одбележи сите етапи на чекорење во Великиот пост за сѐ повеќе да ја разбереме тежината на гревот и вредноста на жртвата со која Откупителот нѐ спаси.

После Ангел Господов, Папата ја изрази својата близина до гватемалскиот народ кој тагува заради пожарот кој избувна на 8 март во домот за незгрижени деца. Во пожарот настрадаа околу 40 девојчиња. „Нека Господ ги прими нивните души, ги излекува ранетети, да ги утеши ожалостените семејства како и целата нација,“ рече Светиот Отец. Исто така ги повика верниците заедно со него да се молат за сите девојчиња и момчиња кои се жртви на насилство, злоупотреба, искористување и војна. „Тоа je страшно, тоа е потиснат крик кој сите би морале да го слушнеме. Не можеме повеќе да се правиме дека тоа не го гледаме и не го слушаме,“ рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот