Папата ги прими членовите на Католичкото здружение на кинематографски работници и ги поттикна со новите современи технологии да се соочуваат креативно и смело, не заборавајќи го црквното чувство
Заедништвото, креативноста и визијата се трите зборови кои папата Фрањо ги довери на оние кои во католичка средина се занимаваат со кинематографија. Членовите на Католичкото здружение на кинематографски работници, кои ги прими по повод 70 годишнината од нивното постоење, ги поттикна да се соочат со нивните предизвици на современата технологија, не заборавајќи го црковното чувство и стилот кој отсекогаш го карактеризирал делувањето на таа организација.
Првата задача која Папата ја довери на луѓето кои се занимаваат со кинематографијата и со забава во Црквата во Италија е „заедништвото“ затоа што – како што рече, кинематографијата е важно средство кое посебно во повоените години, придонесе за обнова на општественото ткиво. Колку имаше плоштади, сали и оратории кои ги анимираа луѓето кои преку гледањето на филм пренесуваа надеж и очекување. Од таму потоа со воздишка на олеснување луѓето повторно се враќаа во секојдневната вознемиреност и тешкотии.
Целата повоена кинематографија е училиште на хуманоста – рече Папата. Вие, Италијаните тоа го направивте со своите великани; не го заборавајте тоа. (…) Нас како деца, родителите нѐ водеа да ги гледаме тие филмови кои ни го обликуваа срцето. Треба повторно да ги погледнеме. (…) Вие сте наследници на тоа големо училиште на хуманоста, хуманоста која е повоена кинематографија – рече Папата. (…)
Втората задача е „креативноста“ која е во темелите на кинематографската уметност. Затоа Папата ги охрабри присутните да даваат простор на креативноста, соочувајќи се со новите предизвици кои и во кинематографијата ги поставува современата дигитална платформа. Ако не сака да станат „музеј“ вашите здруженија и организации треба активно и креативно да ги прифатат тие прашања. Како што се случи и со основачите, смелоста уште еднаш ве повикува да бидете на првата линија, но не изолирани или распрснати, туку сите заедно – рече Папата и ги поттикна да не останат на маргините на иновациите.
Третата задача е резимирана во зборот „визија“, а таа опфаќа голем број различни чувства побудени од погледот кој – како што рече, ги гледа „работите и внатре во работите.“ Погледот поттикнува исто така на основен испит на совеста. Да си го дозволиме прашањето: Каков е нашиот поглед? Дали тој е внимателен и близок, нели е заспиен? Дали тоа е поглед на заедништво и единство. Посебно вие, кои се занимавате со кинематографија, се запрашувате ли, побудува ли во вас погледот, емоции? Дали тоа е поглед кој пренесува заедништво и креативност? (…)
На крајот, Папата повика на црковно сочувствување кое се наоѓа во ДНК на Католичките здруженија на кинематографски работници, за да ги води занесот и надлежностите и за да не дојде до авто референцијалност која – според зборовите на Папата, секогаш убива.