Папата: Каритас нека сведочи за Христос на перифериите

Да се прима Бог и ближниот значи да се живее Евангелието. Каритас, заедно со другите организми на Црквата, „ја открива моќта на христијанската љубов и желбата на Црквата да го види во Христос секој човек, особено сиромашните и страдалниците. Ова го рече папата Фрањо во проповедта на литургијата на отворањето на 20. Генерално собрание на Каритас Интернационалис која ја служеше во вторникот 12 мај во ватиканската базилика Свети Петар.

„Каритас е веќе голема конфедерација, широко позната во целиот свет со својата дејност – рече Папата. Каритас е реалност во Црквата и во многу делови на светот, но треба да биде уште повеќе широко распространета во парохиите и црковните заедници, за да го продолжи духот од првите векови на христијанството“.

Но Каритас не е „обична хуманитарна организација, бидејќи нејзиното служење, во името на Христос, е вкоренето во прифаќањето на Бог и ближниот. Ако овој корен биде пресечен, тогаш Каритас ќе умре. Каритас секогаш е на периферијата на животот“.

„Не постојат големи и мали Каритаси, сите се исти – појасни папата Фрањо. Да ја испросиме од Господ благодатта за да ја разбереме вистинската димензија на Каритас; благодатта за да не паднеме во заблудата дека добро организираното централизирано управување е вистинскиот пат; благодатта да разбереме дека Каритас секогаш дејствува во периферијата, во секоја месна Црква; и благодатта да веруваме дека централниот Каритас е помош, служење и средство за заедништво, а не е шеф на сите други Каритаси“.

Да се учествува во мисијата на Каритас „не е обичен работник, туку сведок на Христос“, истакна Папата: Вработениот во Каритас е „човек кој го бара Христос и остава да биде баран од Него; човек кој сака со духот на Христос – духот на несебичност и духот на дарување. Сите наши стратегии и проекти ќе останат празни, ако не сме задоволни со оваа љубов. Но не со нашата љубов, туку Неговата. Или уште подобро, нашата љубов, која е исчистена и вдлабната од љубовта на Христос“.

На крајот, со мисла за Евхаристиската трпеза, Папата изјави: „Не можеме да ги заборавиме нашите браќа христијани, кои насилно се лишени од храна за телото и душата: протерани од нивните домови и цркви, понекогаш уништени. Го упатувам апелот да не ги заборавиме овие луѓе и оваа недопуштена неправда“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот