Папата: Харизмата е жив оган, а не слој на благородна пепел

 Папата Фрањо во саботата на 7 март се сретна со членовите на движењето Комунионе е Либерационе по повод шеесетгодишнината од основањето на движењето.

Одржувајте жив оган на вашата средба со Исусовото милосрдие, а заедничката каризма не ја сфаќате како „некаков музеј на спомени“, рече Папата на членовите на движењето Комунионе е Либерационе (Заедништво и слобода) со кои на 7 март претпладне се сретна на плоштадот Свети Петар по повод шеесетгодишнината од движењето.

Харизмата е жив оган, а не слој на благородна пепел кој треба грижливо да се чува. Користејќи ја сликата за огнот Светиот Отец рече дека харизмата – како дар Божји – секогаш е дар кој дава живот, а не прашлив споменик, блед и неподвижен.

Папата мислеше на харизмата на припадниците на движењето Комунионе е Либерационе кои ги има повеќе од осумдесет илјади, а кои се собраа на плоштадот Свети Петар. Папата во папамобилот долго ги поздравуваше присутните, а потоа рече дека дон Џусани основачот на движењето многу му значел. Посебно неговата упорност за средба, но не со некоја идеја, туку со Личноста, со Исусовото милосрдие – рече папата Фрањо.

Христијанскиот морал не е огромен напор за некого кој одлучил да биде доследен и кој успеал, односно не е некој вид на личен предизвик пред светот. Христијанскиот морал е трогателен одговор на изненадувачкото, непредвидливо милосрдие кон човечкото сфаќање, дури „неправедно,“ Тој е Единствениот кој ме познава; ја познава мојата неверност, а сепак ме љуби, цени, прифаќа, ме повикува, ме чека и се надева – рече Светиот Отец.

Папата долго зборуваше за харизмата која во дон Џусани пред шеесет години ја запалила „итноста за враќање на главните обележја на христијанството,“ создавајќи црковно тело исполнето со Евангелието. По шеесет години оригиналната харизма не ја изгубила својата свежина и живост. Но, не заборавајте дека харизмата не е центарот, затоа што е само еден центарот, а тоа е Исус Христос – рече папата Фрањо.

Ако во центарот ја ставам својата духовност, својот духовен пат тогаш скршнувам од правиот пат. Од центарот на Црквата треба да се отсрани секоја духовност и сите харизми, во центарот единствено треба да биде Господ – рече Папата додавајќи дека харизмата не се чува во некое шише и верноста на харизмата не значи да ја скамениш.

Повикувајќи се на наследството кое го оставил дон Џусани, не може да се сведе на музеј на спомени, на неодамнешни одлуки, ниту на прописи за однесување. Иако харизмата подразбира верност на традицијата, но верноста на традицијата зборувал Малер значи да одржуваш жив оган, а не да се поклонуваш на пепелот. Дон Џусани никогаш не би ви простил ако ја загубите слободата и станете музејски водачи или почитувачи на старина. Чувајте жив оган на сеќавање на првата средба и бидете слободни – поттикна Светиот Отец, додавајќи:

Од таа слобода се раѓаат „рацете и нозете“, умот и срцето за служба на „Црквата во излегување“. Да излезеш значи да го отфрлиш самозадоволството, значи да слушаш различни, понизно да учиш од секого. Ако сме робови на самозадволството тогаш промовираме „духовност со налепници“: Јас сум Комунионе е либерационе, тоа е налепница, а потоа се претвораме во претприемачи на некоја невладина организација – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот