Папата: Каков свет сакаме да им оставиме на своите деца?

Папата Фрањо на 27 септември ја предводеше завршната света Литургија на Светската средба на семејствата во Филаделфија.

Во проповедта ги поттикна собраните да бидат отворени за чудата на Божјата љубов и да ја надминат соблазната на самољубието кое нема трпение за другите. Да ја обновиме својата вера во Словото Господово кое ги повикува верните семејствата на таа отвореност, ги повикува сите кои сакаат да учествуваат во сојузот на еден маж и една жена кој раѓа живот и го открива Бог – рече Папата пред стотина илјади верници. На крајот ја најави следната Светска средба на семејства во Даблин 2018 година.

Бог Отецот не може да се надмине во великодушноста и го сее своето присуство во светот. Тој прв нè возљуби и неговата љубов ни дава длабока сигурност, нè поттикнува да помагаме на сите добри инцијативи околу нас. Бог сака сите негови деца да учествуваат во евангелската радост. Како што Исус учи – не пречете на она што е добро, напротив помогнете му да порасне. Да се сомнева во делата на Светиот Дух, да се остави впечаток дека немаат ништо со оние кои не се „дел од нашите групи“ и кои не се „како нас“ е опасно искушение. Не само што го спречува преобраќањето во верата туку преставува и нејзино искривување – предупреди Светиот Отец.

Објасни дека во литургиските читања и Мојсеј и Исус ги опоменуваат своите следбеници од истата причина: затоа што се обиделе да ги ограничат Божјите дела. Но како што рече папата Фрањо искушението да нè соблазни Божјата слобода која „дава дожд да паѓа и на праведниците и на неправедниците“ ја загрозува автентичноста на верата.

Ја истакна важноста на малите гестови кои во семејството го оживуваат верскиот живот: прегратка после отсуство, заеднички ручек и вечерна молитва – сето тоа нè учи како да се љуби, заради што семејството го нарекуваме вистинска домашна црква: таа е место каде верата станува жива и животот расте во верата. Исус нè повикува да не ги спречуваме тие мали чудесни гестови на љубовта, туку да ги поттикнуваме. Затоа треба да се запрашаме: Како настојуваме да живееме во своите домови и општества? Каков свет сакаме да им оставиме на своите деца?

Јалови се поделбите, не може да се толерираат, бидејќи се соочуваме со итен предизвик за заштита на нашиот заеднички дом – нагласи папата Фрањо, повикувајќи го човечкото семејство на целосен и одржлив развој. Изрази благодарност секому кој во своето семејство децата ги поучува да го надминат злото и Го покажуваат Божјиот Дух на дело. Ќе ве оставам со едно прашање – рече на крајот Папата: Се вика ли во вашиот дом или се разговара во љубов, приврзаност и добронамерност?

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот