Папата: Исус со авторитет му говореше на народот

Папата: Исус со авторитет му говореше на народот

Исус имал авторитет затоа што му служел на народот, бил близок на луѓето и доследен, спротивно од книжници кои се чувствувале за принцеви. За тие три карактеристики на Исусовиот авторитет Светиот Отец говореше во проповедта на светата Литургија на 10 јануари 2017 година во капелата на домот Света Марта.

Папата рече дека книжниците поучувале со „клерикален“ авторитет, биле одвоени од луѓето, не живееле онака како што поучувале.

Папата ја истакна разлика помеѓу Исусовиот и фарисејскиот авторитет. Исусовата власт е вистинска, а фарисејската формална. Во денешното евангелие се говори за чудење на народот затоа што Исус поучувал „како Оној Кој има власт“, а не како книжниците кои имале власт над народот, но нивните поуки не влегувале во срцето; Исус имал вистинска власт: не бил „заводник“, го научувал Законот „до последната точка,“ со авторитет ја научувал Вистината – рече Папата.

Исус му служел на народот, а книжниците се чувствувале принцеви

Осврнувајќи се на делот од евангелието, Папата истакна три карактеристики со кои Исусовиот авторитет се разликува од авторитетот на книжниците. Додека Исус „понизно поучувал“, навистина на учениците свои им говори „најголемиот да биде како оној кој служи: да стане најмал“, фарисеите пак се чувствувале принцеви – рече Папата додавајќи:

Исус му служи на народот, ги објаснувал работите на луѓето добро да ги сфатат: му служел на народот. Тој се однесувал како слуга, а тоа му давало авторитет. Напротив иако луѓето ги слушале и почитувале книжниците сепак над себе не ја чувствувале нивната власт, затоа што тие се чувствувале принцови: ние сме учители, принцеви, ние вас ве учиме. Тоа не било служење, туку заповедување: ние заповедаме, а вие слушате. Исус никогаш не се однесувал како принц: секогаш на сите им служел. Служењето му давало авторитет – истакна Папата.

Близината е втората карактеристика на Исусовиот авторитет

Близината до народот всушност му дава авторитет. Близината е втората карактеристика со која Исусовиот авторитет се разликува од авторитетот на фарисеите. Исус не бил алергичен на луѓето: не се згрозувал, допирајќи ги лепрозните и болните, додека фарисеите го презирале „сиромашниот припрост народ,“ тие во убава облека со задоволство се покажувале по пазарите. Биле далеку од луѓето. Напротив Исус им бил многу близок. Фарисеите имале клерикален менталитет, со таков авторитет поучувале, а тоа е клерикализам. Пријатно се чувствувам читајќи како блажен Павле VI им бил близок на луѓето. Во број 48 од апостолскиот поттик „Evangelii Nuntiandi“ се гледа срцето на пастирот: во тоа е авторитетот на тој Папата, произлегува од неговата близина до луѓето – рече папата Фрањо.

Исусовата доследност, клерикалното однесување е лицемерно

Доследноста е третата карактеристика по која Исусовиот авторитет се разликува од авторитетот на книжниците. Исус го живеал тоа што го проповедал: имало единство, согласност, помеѓу она што го мислел, чувствувал и правел. Оној пак кој се чувствува принц се однесува клерикално, лицемерно: едно говорат а друго прават. Фарисеите не биле доследни, толку имале поделена личност што Исус своите ученици ги предупредувал: Правете го она што ви го кажуваат, но не правете онака како што тие прават: едно говорат, а друго прават.

Значи недоследност, не биле доследни. Исус често ги нарекува лицемери. Јасно е дека нема авторитет оној кој се чувствува принц,, кој клерикално се однесува, кој е лицемер. Таквиот ќе ја каже вистината, но без авторитет. Напротив Исус има авторитет затоа што е понизен, затоа што служи, затоа што е близок, затоа што не ги мрази луѓето и затоа што е доследен. Народот го чувствува неговиот авторитет – рече папата Фрањо.

Чудењето на гостилничарот во параболата за добриот Самарјанин

Во целост да се објаснат карактеристиките на Исусовиот авторитет, Папата потсети на параболата за добриот Самарјанин. Покрај полумртвиот човек кој разбојниците го оставиле покрај патот го наоѓа свештеник и поминува затоа што можеби имал крв, па мисли дека ќе стане нечист ако го допре, поминува левит, кој како што вели Папата, мисли ако се вмеша дека ќе мора да оди да сведочи на судот, а имал премногу работа. И тој си заминал. На крајот доаѓа Самарјанецот грешникот и тој покажува љубов – истакна Папата додавајќи:

Но, има уште една друга личност – гостилничарот тој се изненадил, но не заради нападот на разбојниците затоа што на тој пат тоа често се случувало, ниту заради однесувањето на свештеникот и левитот затоа што ги познавал, туку заради однесувањето на Самарјанецот. Гостилничарот се чудел пред Самарјанецот можеби мислел: „овој е луд, не е Евреин, грешник е.“ Луѓето исто така се чуделе пред Исусовиот авторитет: понизен авторитет, служење, близок до луѓето и доследен – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот