Папата: Исусовото раѓање менува сè. Повеќе не сме сами3

Во општество кое често е опиено со конзумеризмот и хедонизмот, богатството и екстраваганцијата, илузиите и самодопадливоста, Детето Исус нè повикува да бидеме трезни, едноставни, балансирани, доследни и способни да воочиме што е важно – рече Папата на божиќната Литургија во базиликата Свети Петар.

Во општество кое често е опиено со конзумеризмот и хедонизмот, богатството и екстраваганцијата, илузиите и самодопадливоста, Детето Исус нè повикува да бидеме трезни односно да бидеме едноставни, балансирани доследни и способни да воочиме што е важно – рече Папата на божиќната полноќна света Литургија во базиликата Свети Петар. Нагласи дека раѓањето на Божјиот Син менува сè: повеќе не сме сами или напуштени.

Нема место за сомнеж, нема повеќе место за рамнодушност. Целата тага е распрсната, бидејќи Детето Исус ја донесува вистинската утеха во секое срце – рече Папата. Вистинската светлина дојде да ги осветли нашите животи кои толку често ги обзема темнината на гревот. Сега е наше да го одложиме секој страв и ужас; не смееме да задоцниме или да бидеме неактивни; треба да одиме да Го видиме нашиот Спасител во јаслите – рече папата Фрањо и поттикна:

Да го земеме во прегратка и да му дозволиме да нè прегрне. Така во срцето ќе ни внесе мир без крај. Детето Исус ни покажува што навистина е важно во нашите животи. Роден е во сиромаштво, за Него и неговото семејство немало место во гостилница, а засолниште пронашол во штала. Секако од таа ништожност блеска Божјата слава. Од сега – рече Папата – патот на вистинското ослободување и вечното откупување е отворен за сите луѓе со едноставни срца. Детето Исус чие лице зрачи со добрина, милосрдие и љубовта на Бог Отецот нè учи да ги отфрлиме безбожните патишта и богаствата на светот за да живееме умерено, праведно и побожно.

Во светот кој премногу често е немилосрден кон грешникот, а попустлив кон гревот – рече Светиот Отец – потребно е да негуваме силно чувство на праведност, расудување и да ја извршуваме Божјата волја. Среде културата на рамнодушност која често е опака, нашиот начин на живот треба наместо тоа да биде побожен, исполнет со сочувство и милосрдие кое се црпи од секојдневната молитва. Како пастирите во Витлеем нека и нашиот поглед полн со восхит биде насочен на Исус Синот Божји. И во неговото присуство од нашите срца нека се воздигне молитвата: Покажи ни го Господи милосрдието свое и дади ни го твоето спасение – рече на крајот на проповедта папата Фрањо.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот