Упатувам апел да се прекине насилството и да се пронајде мирно и демократско решение на кризата во Венецуела – рече папата Фрањо на 2 јули 2017 година, после молитвата Ангел Господов, во присуство на мноштво поклоници собрани на плоштадот Свети Петар.
Во пладневниот наговор зборуваше за мисионерскиот говор од Евангелието според Матеј, кој ни го нуди денешната литургија, а во кој Исус ги поучува дванаесетмината апостоли во моментот кога за прв пат ги испраќа во мисија во Галилеја и Јудеја.
Има два важни аспекти за животот на учениците мисионери – рече Папата. Првиот аспект е неговата поврзаност со Исус, која е посилна од било која друга врска; вториот е фактот дека мисионерот не се донесува себе, туку Исус, а преку Него ја донесува љубовта на небесниот Отец.
Првенствен одно со Исус
Љубовта на таткото, нежноста на мајката, богатството на пријателството помеѓу браќата и сестрите, сето тоа, иако е многу добро и оправдано, не може да биде пред Христос – рече Папата и објасни? И тоа не затоа што Господ сака да бидеме без срце и неблагодарни, уште повеќе, токму спротивното; туку состојбата на учениците бара првенствен однос со Исус. Тоа важи за било кој ученик – истакна – дали тој е лаик, лаикиња, свештеник или епископ. Според мислењето на Папата, можеби првото прашање кое треба да го поставиме на христијанинот е: „Се среќаваш ли со Исус? Се молиш ли со Исус?“
Христијанинот не може да има двојно срце
Кој дозволува да го привлече таа врска на љубовта и животот со Господ Исус – рече потоа папата Фрањо –станува негов претставник, негов „амбасадор“, посебно во начинот на животот. Така што самиот Исус, испраќајќи ги ученици во мисија им вели: Кој вас ве прима, мене ме прима; а кој ме прима Мене, го прима Оној кој ме пратил. Важно е луѓето да сфатат дека за тој ученик навистина Исус е Господ, центарот на неговиот живот, сѐ во неговиот живот.
Не се важни – според зборовите на Папата – ограничувањата и грешките, под услов да се признаат; важно е да не се има двојно срце, затоа што тоа е опасно. Исусовиот ученик не смее да има двојно срце, туку едноставно, единствено; кое не седи на два стола, туку е искрено кон себе и кон другите. Дволичноста не е христијанска – додаде Папата – заради тоа Исус го моли Отецот учениците да не попуштат на духот на светот. Или си со Исус, со Исусовиот дух, или си со духот на светот.
Божјиот народ помага за да се биде добар свештеник
Потоа се осврна на свештеничкото искуство, на близината и прифаќањето на верниот свет Божји народ кој му помага на свештеникот да биде навистина добар свештеник. Токму таа „чаша ладна вода“, за која Господ зборува денес во Евангелието помага да бидеш добар свештеник! – истакна Папата и објасни: Бидејќи реципроцитет постои и во посланието: ако ти оставиш сѐ заради Исуса, луѓето во тебе го препознаваат Господ; но истовремено ти помага да Му се обраќаш секој ден, да се обновиш и прочистиш од компромиси, и да ги совладаш искушенијата. Колку повеќе свештеникот е близу до Божјиот народ – додаде – толку повеќе ќе се чувствува блиску до Исуса; и колку повеќе е блиску до Исуса, толку повеќе се чувствува блиску до Божјиот народ.
Патот на Дева Марија
Светиот Отец наговорот го заврши упатувајќи на патот на Дева Марија која – како што рече – лично искусила што значи да се сака Исус, разделувајќи се од себе и давајќи нова смисла на семејните врски, појдувајќи од верата во Него. Нека со својот мајчинско застапништво ни помогне да бидеме слободни и радосни мисионери на Евангелието – рече Папата.
Апел за прекин на насилството во Венецуела
Потсетувајќи дека на 5 јули се слави независноста на Венецуела, папата Фрањо после молитвата Ангел Господов упати апел во таа земја да се прекине насилството и да се пронајде мирно и демократско решение на кризата. Нека Нашата Пресвета Богородица од Коромота посредува за Венецуела – рече Светиот Отец и заедно со верниците присутни на плоштадот Свети Петар измоли „Радувај се Маријо“ за таа – како што рече – сакана нација. Притоа ја изрази својата близина на семејствата кои ги загубиле своите деца во протестите.
РВ/к.мк