Папата испрати телеграма со сочувство до надбискупот на Бари

Откако слушна за тешката железничка несреќа што се случи на релација Корато – Андрија Светиот Отец упати телеграма со  сочувство до надбискупот на Бари – Битонт монс. Франческо Качучиј. Во телеграмата се вели:

Дознавајќи ја веста за тешката железничка несреќа која се случи на релација Корато – Андрија во која многу луѓе го загубија животот, папата Фрањо го изразува своето искрено сочувство по повод немилиот настан кој погоди многу семејства и истите ги уверува во својата молитва за смртно настраданите, додека за ранетите бара од Господ побрзо закрепнување, доверувајќи ги на заштитата на Дева Марија сите погодени од драматичната загуба и поделувајќи им го својот утешителен апостолски благослов – стои на крајот од телеграмата со сочувство која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот