Папата испрати писмо до сирискиот претседател Асад

Папата испрати писмо до сирискиот претседател Асад

Папата Фрањо на 12 декември 2016 година преку апостолскиот нунциј во Сирија кардинал Марио Зенариј испрати писмо до Башар ал-Асад сирискиот претседател во кое повикува крај на насилството и мирно решавање на непријателствата во таа земја.

Во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол стои дека Светиот Отец „именувајќи го надбискупот Марио Зенариј во кардиналскиот колегиум сакал да покаже посебен знак на приврзаност кон саканиот сириски народ, кој толку болно е искушуван во последните неколку години.“

„Во писмото кое го испрати преку новиот кардинал – стои понатаму во соопштението – папата Фрањо го повторува својот апел до претседателот Башар ал-Асад како и до меѓународната заедница за ставање крај на насилството и да се дојде до мирно решение на непријателствата, а исто така ги осудува сите облици на екстремизам и тероризам, од било која страна да доаѓаат. Со тоа апелира до претседателот да обезбеди целосно почитување на меѓунардните хуманитарни права во поглед на заштитата на цивилите и пристапот до хуманитарна помош.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот