Папата им го честита Божиќ на затворениците
Честитајќи го ви го на сите Божиќ се надевам дека ќе ги видите и доживеете часовите, деновите, месеците и годините кои сте ги поминале во казнениот дом Латина, не како изгубено време или временска казна, туку како нова можност за веродостоен раст за да пронајдете мир во срцето и сила за обнова, враќајќи се на животот со надеж во Господ; надеж која никогаш не разочарува“, порача папата Фрањо во писмото до затворениците во окружниот затвор во градот Латина, во италјанскиот регион Лацио.
Извинувајќи се што не можел порано и секому лично да одговори на писмата кои му ги напишале кои ги прочитал и во доверливоста со кои се пишувани пронашол утеха, Папата посака ова негова порака на станарите на казнениот дом да ја примат како личен одговор. „Мило ми беше да се запознаам дека многу од вас со помош на капеланот одите по патот на верата“, порача. „Ве поттикнувам по тој пат да продолжите со упорност и благодарност во срцата кон сите луѓе кои ви помагаат по него да одите.“
За на тој пат да им помага, Светиот Отец со писмото им испрати и нов Мисал за да го „откријат патот на секојдневното одење со Господ во Литургијата, кој е лекар на вашите рани, секогаш верен пријател и храна неопходна за одржување на одењето по патот на спасението и ослободувањето, кое дури ниту затворските решетки не можат да ги спречат.“ Изразувајќи ја својата близина на затворениците и нивните семејства и молејќи се Господ да ги утеши со својот мир и присуство, папата Фрањо посака „Царот на мирот, Исус Христос“ да ги исполни со божиќна радост и да ги награди сите луѓе кои им се блиски.
РВ/Д.И.