На 14 јулу 2018 година папата Фрањо ги именува претседателите пратеници за Епископската синода за млади, која ќе се одржи од 3-28 октомври оваа година во Рим и тоа на тема: „Млади, вера и распознавање на звањата“.
Именуваните делегати се: кардинал Луис Рафаел Сако, патријарх на Халдејската католичка Црква, кардинал Десире Царахазан, надбискуп на мадагаскарскиот град Тоамасин и кардинал Чарлс Маунг Бо, надбискуп на Јангон во Мјанмар.
Меѓу задачие на претседателите пратеници е во име на Светиот Отец да претседаваат со работата на синодата и секој ден ќе се менуваат во водењето на синодата. Освен тоа претседателите пратеници меѓу одредените членови им се доделени посебни задачи како собранието би можело подобро да продолжи со работа. Оваа служба, претседател пратеник престанува со завршувањето на синодата.
Ватиканњуз/к.мк