Папата изрази сочувство по нападот во Брисел

Папата Фрањо испрати порака со сочувство до белгискиот надбискуп Јозеф Де Кесел по терористичкиот напад во вторник 22 март во Брисел. Сочувство изрази и Апостолскиот нунциј во Брисел монс. Џакинто Берлоко.

Папата Фрањо испрати порака со сочувство до белгискиот надбискуп Јозеф Де Кесел по терористичкиот напад утринава во Брисел. Во телеграмата која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец ветува молитва за загинатите, ранетите и нивните семејства, молејќи за Божјите дарови на утеха и мир. Во пораката исто така го осудува „слепото насилство, кое предизвикува многу страдање.“

Нека Бог ги просветли оние кои заговараат планови против човекот – е молитвата која Апостолскиот нунциј во Брисел монс. Џакинто Берлоко кој за Радио Ватикан кратко ги искоментира утринските трагични настани. Искажа блискост до сите луѓе кои стрдаат заради загинатите во семејствата или заради повредите. Исто така изрази чувство на близина со целиот белгиски народ. Да Го молиме Господ – рече – затоа што немаме што друго да кажеме освен да се свртиме кон Бог, милосрдниот Отец на сите луѓе кои стрдаат да им даде сила и да ги просветли властите за да ги преземат потребните чекори.

Но пред сè – продолжи – нека Господ ги просветли луѓето кои имаат планови против човекот; а кога некој план е против човекот тогаш е и против Бог. Да го молиме Господ да ги просветли умовите и срцата на тие луѓе, ваквите настани повеќе да нема во иднина. Таа е нашата желба и нашата молитва – рече нунцијот Берлоко.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот