Папата изрази сочувство поради пожарот во Индија
Папа Фрањо со жалост ја прими веста за трагичниот пожар кој се случи во хиндуистичкиот храм Путингал во местото Паравор, во индиската сојузна држава Керала – стои во пораката на сочуство која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, а во која Светиот Отец изразува сочуство на семејствата на жртвите и повредените, молејќи за сите оние кои ги погоди оваа трагедија, како и за операциите за помош кои се во тек. На крајот на пораката Папата за целата нација моли Божји благослов за сила и мир.
Детали за трагедијата
Според досегашните податоци, во пожарот, до кој дошло во комплексот храмови Путингал, во предградието на градот Паравор, загинаа 110 луѓе, а околу 350 се повредении, од кои многумина се во критична состојба. Во храмот се прославува божица Бхадракали, како што е обичај, со спектакуларен огномет, кој оваа година властите на сојузната држава Керала не го одобриле од безбедносни причини. До пожарот дошло кога неколку искри ги зафатиле другите пиротехнички средства за огнометот, подготвени во близина за прославата на хиндуистичката Нова година која се слави во четврток.
Премиерот им вети парична помош на семејствата погодени од оваа трагедија
Се проценува дека во моментот на драгедијата во храмот кој се претвори во огнен кафез, се наоѓале околу 3000 луѓе од кои некои успеале да побегнат. Огнот во меѓувреме е изгаснат, а на местото на несреќата се наоѓала екипа на прва помош. Индискиот премиер Наренда Мори им вети чек од 200.000 рупљи на семејствата на жртвите, а на семејствата на повредените во несреќата 50.000 рупљи.
РВ/Б.Р.