Осврнувајќи се на Генералната аудиенција на 28 ноември за ситуацијата со мигрантите и здруженијата кои соработуваат со нив, Папата, во своето обраќање по молитвата Ангел Господов, своите мисли ги насочи на големиот број мигранти кои се изложени на многу сериозни опасности.
Чувствувам болка поради веста за ситуацијата во која се наоѓаат многу од нив: од оние кои загинаа на Ла Манш; оние на границите на Белорусија, од кои многу се деца; оние кои се дават во Медитеранот. Оние кои се вратени во Северна Африка, а потоа ги заробуваат трговци кои ги претвораат во робови, рече Папата.
На мигрантите во кризните ситуации, папата Фрањо им ги вети своите молитви и близина и им се заблагодари на сите институции, како што е Каритас, кои се залага за ублажување на нивните страдања. Папата го повтори апелот до цивилните и воените власти дијалогот конечно да надвладее над секаков вид на експлоатација и да ги насочат напорите кон решенија кои ја почитуваат човечноста на мигрантите.
Папата затоа ги покани верниците собрани на плоштадот Свети Петар да ги упатат своите мисли кон мигрантите и нивните страдања и да молат за нив во тишина.
Ватикан њуз/к.мк