„Да се зборува со срце – Veritatem facientes in caritate“, е темата на Светскиот ден на социјалните комуникации за 2023 година, која во четврток 29 септември 2022 година ја соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Не само ракетите и топовите, туку и зборовите, особено оние што допираат до публиката за да ја информираат, треба да бидат лишени од одредена „воена психоза“ која денес владее меѓу радиодифузерите и експертите од тој сектор. Од година во година, Папата продолжува да предлага став за начинот на комуникација, секој пат додавајќи нешто за размислување. По повикот, за 2022 година, да се слуша со уво на срцето, темата на Светскиот ден на социјалните комуникации 2023 година поттикнува да се зборува од срце, или – како што се наведува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол – тоа да се прави нежно, користејќи го дарот на комуникација како мост, а не како ѕид.
Вистината да се каже милосрдно
Во овој повик може да се види одгласот на комуникативниот стил на Синодата, која ќе ја има својата завршна фаза кон крајот на 2023 година. Но, тука пред сѐ е желбата на папата Фрањо за медиумскиот систем кој знае да оди против струјата, во време одбележано – и во црковниот живот – со поларизација и прекумерни дебати кои ги вознемируваат луѓето.
Комуникација за целосно разоружување
Како што евангелието – кое исто така содржи вистини кои понекогаш е непријатно да се нагласат – не може да се објави без милосрдие или без искрено учество во радостите и страдањата на луѓето од нашето време, на сличен начин, во драматичниот контекст на глобалниот конфликт низ кој поминуваме, многу е неопходно да се воспостави комуникација, која не е непријателска – се наведува во соопштението. Комуникација која е отворена за дијалог со другите, комуникација која поддржува „целосно разоружување“, која е ангажирана во разбивање на „воената психоза“ што живее во нашите срца, како што свети Иван XXIII. истакна пред 60 години во енцикликата Pacem in teris. Тоа е напор што се бара од сите, особено од работниците во комуникациите кои се повикани да ја извршуваат својата професија како мисија со цел градење на поправедна, побратска и похумана иднина – се истакнува во соопштението на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк