Со своите информативни светла осветлувајте ги сите периферии.
Триесет години несомнено добро достигнување, но тоа не е и не смее да се смета за крајна цел. Католичката новинска агенција „СИР 25“ во октомври 1988 година го објави својот прв билтен. По повод триесет годишнината папата Фрањо испрати честитки и посебно охрабрување на актуелниот директор Винченцо Корадо.
Продолжете да ја извршувате својата работа секогаш барајќи ја постојано онаа оригиналност за која вашите основачи размислувале и потоа создавајќи единствен проект од таков вид – пишува папата Фрањо во пораката. Бевте застапници на заедништвото на црковното, општественото и културното подрачје на информирање. Бидете и понатаму такви!
Потсетувајќи потоа дека 53. Светски ден на средствата за социјални комуникации кој се слави во 2019 година, а ќе биде посветен на темата „Ние сме членови еден на друг“ (Ефесјаните 4, 25), Папата нагласи дека Католичката новинска агенција СИР секогаш се залагала за промовирање на информативното заедништво засновано на вистинитоста и взаемноста.
Поттикнувајќи ги новинарите од агенцијата да продолжат да делуваат во согласност со својата струка, секогаш стремејќи се за вистината и потпирајќи се на пораката за последниот Светски ден на средствата за социјални комуникации, Светиот Отец објасни дека за распознавање на вистината потребно е да се земе во предвид она што му помага на заедништвото и го промовира доброто.
Затоа агенцијата „СИР“ е повикана да продолжи по патот на иновацијата, но не занемарувајќи ја грижата за сите подрчја: италијанското, европското, она на Блискиот Исток и меѓународното – истакнува папата Фрањо и напоменува: Подрачјето не е едноставна географска граница. Тоа укажува на животот на луѓето кои го населуваат. Бидете гласот на оние кои го немаат. Со своите информативни светла продолжете да ги осветлувате сите периферии. Воодушевете се уште повеќе за вистината! Бидете чувари на вестите!
На крајот Светиот Отец побрата да се фокусираат на полнотата на квалитетната информација која знае да гради мостови на разбирање и дијалог, Папата ги поттикна да бидат слободни и далеку од примерот кој осиромашува и да помагаат да се разберат фактите во нивната сложеност и длабоко значање.
Ватикан њуз/к.мк