На децата треба да им се овозможи да си играат, да учат и да растат во атмосфера на хармонија. Тешко на оној кој во нив го загушува радосниот полет за надеж! – истакнува папата Фрањо во својата Твитер порака, која ја објави на 12 јуни по повод Светскиот ден за борба против работа на децата.
Како што предупреди папата Фрањо на 11 јуни 2014 година за време на Генералната аудиенција во среда, повеќе десетина милиони деца присилно работат во понижувачки услови, изложени на облици на ропство и искористување, како и злоупотреба, злоставување и дискриминација. Во таа прилика изрази надеж дека меѓународната заедница ќе ја прошири социјалната заштита на малолетниците, како би се искоренила таа појава. „Сите да ја обновиме својата ангажираност, посебно родителите, на секое момче и девојче да се загарантира неговото достоинство и можност за здрав раст. Радосно детство овозможува на децата да гледаат со доверба на животот и иднината“ – рече тогаш меѓу другото Папата.
РВ/к.мк