Папата за посетата на Грузија и Азербејџан

Светиот Отец Генералната аудиенција на 5 октомври 2016 година ја посвети на својата неодамнешна посета на Грузија и Азербејџан и со Ерменија, која ја посети во јуни, сакаше да ги зацврсти во верата и да ги охрабри во нивното одење и градење подобар и братски живот.

На почетокот на Генералната аудиенција на 5 октомври 2016 година, папата Фрањо изрази благодарност на Бог за апостолската посета на Грузија и Азербејџан, но и признание и благодарност до цивилните власти на двете земји, посебно на патријархот на цела Грузија Илија II чие сведоштво – како што кажа – му годело и на срцето и на душата, како и на шеикот на кавкаските муслимани. Братски поздрав упати до епископите, свештениците, монасите и монахињите и до сите верници.

Папата со оваа патување – сметајќи го тоа и во Ерменија – ги опфати сите земји на Кавказ кои имаше намера да ги посети и така да ја потврди Католичката Црква во тие краишта и тамошното население да го охрабри на неговиот пат кон мирот и братството, за што сведочат и геслата на овие две посети: Мир вам и Сите сме браќа – рече Папата.

Двете земји – продолжи Светиот Отец – имаат историски, културни и верски корени, но сега поминуваат низ нов период. Освен тоа оваа година слават и 25 години независност. Во тој период тие се среќаваат со одредени тешкотии, на различни општествени нивоа. Црквата е тука повикана да биде присутна; да биде близу – посебно под знакот на милосрдието и со промовирање на хуманоста; таа тоа пак настојува да го прави со останатите христијански Цркви и заедници, како и во дијалог со другите верски заедници во сигурното уверување дека Бог е – Отец на сите, а дека сите ние меѓусебе сме браќа и сестри.

Светиот Отец рече дека оваа послание на Католичката црква по својата природа вклучува соработка со православните браќа кои го сочинуваат поголемиот дел од населението во тие региони и го смета за важен знак тоа што во аеродромот во Тбилиси со претседателот го пречека и патријархот Илија II. Исто така истакна дека Христовиот хитон чија реликвија се почитува во тамошната катедрала е знак на единство на христијаните за кој многу маченици од различни христијански вероисповеди се избориле со пролевање на крв.

Понатаму Светиот Отец истакна дека светата Литургија со католичките, ерменските и сиро-халдејските верници во Грузија служена на празникот на света Тереза на Детето Исус која е заштитничка на мисиите, но и додаде дека токму таа светица нè потсетува дека вистинските мисии не се никогаш прозелитизам, туку привлекување за Христос започнувајќи од силното единство со Него во молитвата, обожавањето и конкретната љубов која е служење на Христос во најмалите од браќата. А тоа е она што го прават монасите и монахињите во Тбилиси, во Баку. Папата се сети и на христијанските семејства и ја истакна нивното скапоцено присуство и прием, придружба, расудување и интеграција во самата заедница.

Такво евангелско присуство – како семе за Царството Божјо – повеќе е потребно во Азербејџан каде населението е претежно муслиманско, но каде што – му благодарам на Бог – малата католичка заедница има добри односи со сите, посебно со православните – рече Папата и истакна два моменти од Баку кои умеат верата да ја држат во исправен однос, а тие се Евхаристијата и меѓурелигиската средба.

Евхаристија со малата католичка заедница каде Светиот Дух ги усогласува различните јазици и дава сила за сведочење; и тоа единство во Христос, на никој начин не пречи – туку уште повеќе промовира – барања на средби и дијалог со сите кои веруваат во Бог за заеднички да изградат поправеден и братски свет.

Покорај тоа, обраќајќи се на азербејџанските власти посакав отворените прашања да можат да бидат добро решени и сите народи на Кавказ да живеат во мир и меѓусебно почитување. Бог нека ја благослови Ерменија, Грузија и Азербејџан и нека го придружува одењето на својот свет народ во тие земји – рече на крајот од својата катехеза папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот