Пандемија, заштита на животот и слабите луѓе и вредностите на единството во политиката и во Црквата се некои од актуелните теми на кои папата Фрањо се осврна на почетокот на годината во интервју за италијанската телевизија Канале 5. Притоа ги повика сите луѓе да се вакцинираат и повторно да ја откријат вредноста на верата како Божји дар.
Треба да бидеме обединети, да бидеме блиску до оние кои страдаат, треба да се сочувствуваме со браќата за да ја пребродиме заедно кризата предизвикана од пандемијата. На почетокот на интервјуто за италијанската информативна програма Tg5 на италијанскиот телевизиски Канале 5 папата Фрањо повторно истакна дека од кризата никогаш не излегуваме онакви какви што сме биле порано. Или сме подобри или сме полоши.
Според мислењето на Папата големите вредности секогаш постојат во животот, но треба да ги преточиме во актуелен момент во животот. Потоа ги наведе драматичните ситуации; од децата кои трпат заради глад и не можат да одат во училиште до војните кои мачат голем број на подрачја на нашата планета. Статистиките на Обединетите нации што се однесува на тоа се застрашувачки – рече папата Фрањо и истакна дека ако излеземе од кризата не гледајќи ги тие работи и тој излез ќе биде уште еден пораз. И ќе биде уште полошо. Да ги погледнеме само тие два проблеми – децата и војните.
Одговарајќи на новинарско прашање за вакцинирањето, Папата рече дека верува дека етички гледано сите треба да се вакцинираат. Не е тоа опција туку етичко дело затоа што во игра е твоето здравје, твојот живот, но во игра го ставаш и животот на другите луѓе – истакна и објасни дека следните денови ќе започне вакцинирањето во Ватикан и дека и тој се пријавил. Да, тоа треба да го направиме – повтори и праша, ако тоа лекарите го прикажуваат како нешто што може да биде добро и без посебни опасности, зошто да не се вакцинираме?
Во тоа постои самоубиствена негација која не знам да ја објаснам – рече Папата и напомена дека сега е време да мислиме на „нас“ и на некое време да го избиршиме „јас“, да го ставиме во заграда. Или сите ќе се спасиме со „ние“ или нема никој да се спаси. За тоа потоа опширно зборуваше размислувајќи на него многу драгата тема, за братството. Тоа е предизвик – рече, да се направиш близок на другите, да им бидеш блиску во ситуации, блиску во проблеми, да постанеш близок со луѓето. Непријателка на блзината е културата на рамнодушноста. Се зборува за здрава рамнодушност во однос на проблемите, но невниманието не е здраво.
Рамнодушноста нè убива затоа што нè одалечува – напомена Папата. Напротив клучен збор за размислувањето за излез од кризата е зборот близина. Ако нема единство, близина, може да дојде до општествени тензии и внатре во државата – предупреди и зборуваше за „управувачката класа“ во Црквата како во политичкиот живот. Во овој момент на криза целата управувачка класа нема право да каже „јас“… треба да каже „ние“ и да се стреми за единство во оваа криза – поттикна Папата. (…)
Напоменувајќи дека кризата предизвикана од пандемијата уште ја зајакна „културата на отфрлање“ во однос на најслабите, без разлика дали се сиромашни, мигранти или стари лица посебно се задржа на драмата на абортусот со кои се отфрлаат несаканите деца. Проблемот на абортусот не е верски проблем, туку човечки; тоа е проблем на човечката етика, а дури потоа верски проблем. Тоа е проблем кои и атеист треба да го реши во својата совест. Дали е добро да се избриши еден човечки живот за да се реши некој проблем, било каков проблем? Дали е добро да се ангажира платен убиец за да се реши некој проблем – праша Папата.
Коментирајќи ги драматичните случувања во Капитол Хил во Вашингтон на 6 јануари, папата Фрањо рече дека се запрепастил земајќи ја во предвид дисциплината на народот во Соединетите Американски држави и зрелоста на нивната демократија. Сепак и во најзрелите реалности секогаш постои нешто што не е во ред кога луѓето тргнуваат по патот насочен против заедницата, против демократијата, против општото добро – рече Светиот Отец. Сега кога тоа се случи, таа појава би можела добро да се види затоа може да се пронајде решение. Осудувајќи го повторно насилството, рече дека треба да размислиме и сè добро да се разбере за да не се повтори – предупреди – треба да учиме од историјата; тие парарегуларни групи кои не се запишани во општеството пред и потоа ќе ги прават тие насилни дела.
На прашањето како лично ги проживева посебните епидемиолошки мерки наметнати заради пандемијата папата Фрањо рече дека се чусвтвува затворен во кафез и се осврна на патувањата одложени за да се избегне собирање на луѓето. Притоа кажа дека се надева дека ќе може да го посети Ирак. Рече дека во оваа време повеќе време посветува на молитвата, на телефонските разговори и истакна колку за него биле важни моментите како молитвите на плоштадот Свети Петар на 27 март кои беа покажување на љубов кон сите луѓе и кои покажуваат нови патишта за взаемна помош едни кон други.
Размислувајќи за верата во Господ рече дека таа пред сè е дар. За мене верата е дар, ниту ти, ниту јас никој не може да добие вера со своите сили; таа е дар кој ти го дава Господ, не може да се купи – истакна папата Фрањо и поттикна на повикување на Божјата близина; таа близина во верата е дар за кој треба да се молиме. Разговорот заврши со желба во 2021 година да нема отфрлање, да нема егоистичко однесување и единството да ги совлада на конфликтите.
Ватикан њуз/к.мк