Од проповедта на Папата: Без милостите на Светиот Дух не можеме да бидеме христијани

Не може да се биде христијанин без милостите на Светиот Дух, Кој ни дава сила за љубов – рече папата Фрањо на светата Литургија на 23 октомври во домот Света Марта. Во центарот на проповедта на Папата беше размислувањето во Посланието до Ефесјаните, во кое Павле го опишува своето искуство со Исус, искуство кое го довело до тоа да остави сè бидејќи го возљубил Исус.

Во Посланието се опишува поклонување на свети Павле на следниот начин: „Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот“ Кој силата во нас ефикасно може да ја направи многу изобилна отколку што можеме ние да молиме или замислиме. Свети Павле го користи „јазикот без ограничување“ – вели Светиот Отец – се поклонува на Бог кој е „како море без плажа, без граница, неизмерливо море.“ И Павле го моли Отецот за сите нас, за „да зајакне внатрешниот човек со Духот негов“.  Павле го „моли Отецот за Светиот Дух да дојде и да нè зајакне, да ни даде сила“ – објаснува папата Фрањо. „Не може да се оди напред без силата на Светиот Дух“. Нашите сили се слаби. Не може да се биде христијанин без милостите на Светиот Дух. Посебност на Духот е да го менува срцето, да прави да напредуваме во крепостите, да ги извршуваме заповедите“ – истакнува Папата и додава: „Потоа“, свети Павле „бара од Отецот друга милост“: Христовото присуство, бидејќи тоа прави да растеме во љубовта.“ Христовата љубов „која го надминува секое спознание“, која не може да се сфати освен преку „чинот на поклонување на ова неизмерна возвишеност“. „Тоа е мистичното искуство на свети Павле, кое и нас нè учи на молитва, благодарност и поклонување“ – истакна Папата, продолжувајќи:

„Пред сите наши маленкости, наши егоистични интереси, кои ги има многу, свети Павле ја истакнува својата благодарност во чинот на поклонување и го моли Отецот да го испрати Духот за да ни даде сила и можност да одиме напред; за да ја спознаеме Христовата љубов и Христос да нè утврди во љубовта. И зборувај на Отецот: Ти благодарам бидејќи ти можеш да го направиш тоа што ние ниту можеме да го замислиме“. Таа е убава молитва – рече Светиот Отец.

„Со тој внатрешен живот може да се сфати како Павле можел да остави сè и да се смета за отпад, само за да го добие Христос и се сретнал во Христос“ – смета папата Фрањо. „Би било добро на тој начин да размислуваме, би било добро и ние да се поклонуваме на Бог. Би било добро да го славиме Бог, да влеземе во тој свет на полнина, големина, великодушност и љубов. Би ни било добро, бидејќи така можеме да одиме напред во големата заповед – единствена заповед, која е основа на сите други: во љубовта, љубов кон Бог и ближниот“ – заврши Папата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот