Папата во четврток 12 јануари 2023 година во аудиенција ги прими членовите на Надзорот за јавна безбедност во Ватикан, кој се грижи за јавниот ред на плоштадот Свети Петар, во Рим и во Италија за време на пасторалните посети. Светиот Отец го пофали нивниот дух на служење и љубезност кон ходчасниците и ги советуваше секогаш да имаат по еден примерок од Евангелието во џебот и да го читаат секојдневно за да сеат добри работи во нивните души.
Можно е да се биде миротворец, работници на мирот, дури и преку навидум мали конкретни гестови и добро извршување на својата работа – рече папата Фрањо, примајќи ги во аудиенција членови на Надзорот за јавна безбедност во Ватикан, орган на италијанската државна полиција што води грижа за јавниот ред на плоштадот Свети Петар и околу него, и за време на пасторалните посети на Папата во Рим и Италија. Вашата служба – истакна тој – може да биде знак за Божја блискост со браќата и сестрите кои секојдневно ги среќавате, кои од вас очекуваат гест на услуга и добредојде.
Колку многу ни се потребни денес луѓе кои работат за мир не со убави зборови, туку со дела, совесно извршувајќи ја својата должност во служба на општото добро!
Пример за добри односи меѓу Италија и Светиот Престол
Римскиот бискуп изрази искрена благодарност за службата што несебично ја вршат и за духот на самопожртвуваност, на жештина и на студ и на шега призна дека му е непријатно да ги вознемирува за време на неговите посети, бидејќи повеќе би сакал да биде сам иако тоа не е можно.
Се восхитувам на вашата работа кога се собираат верници и поклоници, кои доаѓаат од целиот свет да се сретнат со Папата и да го посетат гробот на апостол Петар и да се молат на гробовите на неговите наследници, од кои повеќето се во Ватиканската базилика.
Станува збор за великодушен и пријатен ангажман со внимателна и професионална служба која, додека ги исполнувате вашите задачи како службеници на италијанската држава, ги покажувате и добрите односи што постојат меѓу Италија и Светиот Престол.
Евангелие во џебот за да ти ја исполни душата со Божјото слово
Папата потоа ги охрабри да истраат во идеалите и одлуките кои ги вдахновуваат нивните животи и нивното однесување во извршувањето на чувствителните задачи што им се доверени и посака нивната работа, честопати извршена со жртви и ризици, секогаш да биде мотивирана од желбата да му помогнат на својот ближен во заедницата.
Тој, исто така, ги поттикна да ја откријат убавината и секогаш новата сила на евангелието и да му дозволат ефективно да влезе во нивната совест и живот, смело сведочејќи за Божјата љубов во секоја средина, вклучително и во работната средина. Притоа, ги советуваше секогаш да го имаат Евангелието во џебот и да читаат по некој збор секој ден, бидејќи тоа сее добри работи во душата и полека ја исполнува со Исусовите зборови.
Ватикан њуз/к.мк