Папата Фрањо на 12 јуни 2023 година, испрати телеграма со сочувство, потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, по повод смртта, на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој почина на 87 годишна возраст.
Протагонист на италијанскиот политички живот кој јавните обврски ги извршуваше со енергичен темперамент – со овие зборови папата Фрањо го спомена Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер и лидер на партијата Форца Италија, кој почина на 12 јуни 2023 година, во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, каде што беше хоспитализиран пред неколку дена.
Во телеграмата потпишана од кардиналот Пјетро Паролин, државниот секретар на Светиот Престол, упатена до ќерката на Берлускони, Марија Елвира Берлускони (попозната како Марина), папата Фрањо, информиран за смртта на нејзиниот сакан татко, ја ветува неговата близина со семејството и искреното соучество во тагата.
Светиот Отец, освен тоа, моли од Бога вечен мир за покојникот и утеха во срцата на оние кои го оплакуваат неговото заминување. Се соединувам во тагата со горливо спомнување во молитвата – стои на крајот од телеграмата.
Ватикан њуз/к.мк