Светата година започна во Лорето на 8 декември 2019 година со отворањето на Светите врати, а според одлуката на папата Фрањо ќе заврши на 10 декември 2021 година.
Во соопштението на Апостолската милостилница се објаснува дека заради пандемијата од коронавирусот не беше можно да се прослави годината со сите подготвени настани и славења, па Папата одлучи уште година дена да даде можност за нив.
Во 1920 година папата Бенедикт XV ја прогласи Мајка Божја Лоретска за заштитничка на пилотите. Една од прчините за тоа е и традицијата според која ангелите во 13 век ја донесуваат куќата на Блажена Дева Марија од Назарет прво во Трст, а потоа во Лорето. Можноста за примање потполн опрост освен во лоретското светилиште е раширена во капелите на цивилните и воени аеродроми.
Ватикан њуз/к.мк