Сите можеме и мораме да соработуваме во осудата за искористување и ропство на мажите, жените и децата, рече папата Фрањо после молитвата Ангел Господов во недела 10 февруари 2019 година.
После молитвата Ангел Господов папата Фрањо се осврна на Светскиот ден на молитва и размислување со цел да се спречи трговијата со луѓе, кој се одбележа пред два дена, на празникот на света Јозефина Бакхита. При тоа Светиот Отец рече дека мотото за оваа година „Заедно против трговијата со луѓе“ е повик да се здружиме како би го победиле тој предизвик и се заблагодари на сите кои се борат за неговото спречување, а посебно на монахињите.
Папата Фрањо упати посебен апел до владите да се соочат со причините за трговијата со луѓе и да ги заштитат жртвите. Сепак, истакна дека сите можеме и мораме да соработуваме во осудата за искористување и ропството на мажите, жените и децата. Молитвата е сила која го помага нашето заедничко ангажирање – истакна Папата и потоа ги повика присутните на плоштадот Свети Петар заедно да ја измолат молитвата до света Јозефина Бакхита, заштитничка на жртвите од трговијата со луѓе.
Ватикан њуз/к.мк