Папата Фрањо упати телеграма до учесниците на втората Конференција за жените на Блискиот Исток и Медитеранот на тема „Жената работничка на мирот за културата на средба и дијалог“ која се одржува во Бари од 19 до 23 октомври 2016 година.
Нека се прошири просторот за присуство на жените и нека се зацврсти нивното делување во барањето можност за средба, за предупредување и дијалог, како и за заедничко заземање во градењето на иднина на благосостојба и мир – е желбата на папата Фрањо изразена во телеграмата која ја потпиша државниот секретар кардинал Пиетро Паролин упатена до учесниците на втората Конференција за жените на Блискиот Исток и Медитеранот на тема „Жената работничка на мирот за културата на средба и дијалог.“
Средбата се одржува во Бари од 19 до 23 октомври 2016 година во рамките на Јубилејот на милосрдието и на поттик на Светската унија на католички женски организации и во соработка со Меѓународниот форум на Католичка акција и Италијанската католичка акција. Папата – како што стои во телеграмата – ги повикува сите на великодушно правење на телесни и духовни дела на милосрдието и средечно ги поздравува сите присутни жени, а посебно оние кои доаѓаат од Блискиот Исток и од земјите погодени од опшетсвени конфликти, сиромаштво и дискриминација.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк