По молитвата Ангел Господов папата Фрањо потсети на места во светот во кој владеат страдања, насилства и кризи, посебно во Светата Земја, Нагорно Карабах и Украина.
По молитвата Ангел Господов во недела 29 јануари 2023 година, Папата ја изрази својата загриженост за ескалацијата на насилството во Светата Земја и упати силен апел до двете влади и меѓународната заедница веднаш, без одлагање, да го пронајдат патот до мир.
Светиот Отец потоа ја спомена блокираната ситуација во областа на Нагорно-Карабах каде владее многу тешка хуманитарна криза.
Папата потсети и на Светскиот ден на лепрата, кој се одбележува денес. Заедно со Светиот Отец, на прозорецот на Апостолската палата денеска се појавија и двајца млади членови на Католичката акција, кои се собраа на плоштадот Свети Петар по повод годишниот Караван на мирот. Повторно, и преку нивните гласови, тој посака да се стави крај на војната во Украина.
Ватикан њуз/к.мк