Папата Фрањо изрази сочувство до семејствата на загинатите во експлозијата на пазар во Багдад. Светиот Отец, кој ја посети земјата во март, повторно повика на помирување во Ирак.
Во телеграмата со сочувство, потпишана од државниот секретар на папата, кардиналот Пиетро Паролин, до апостослкиот нунциј, надбискупот Митја Лесковар, истакнува дека Папата е длабоко тажен за загинатите од експлозијата во понеделникот. Светиот Отец изразува сочувство на семејствата и пријателите на починатите, доверувајќи ги нивните души на Божјото милосрдие.
Неговата Светост ја повторува дека ниту еден чин на насилство нема да ги намали напорите на оние што сакаат да го промовираат мирот и помирувањето во Ирак, се вели на на крајот од телеграмата.
Експлозијата се случила додека граѓаните купувале намирници за Курбан Бајрам во северниот дел на ирачката престолнина. Досега се пријавени над 30 починати, а има и многу повредени. Според странските медиуми, тоа е најсмртоносниот напад во Багдад во последните шест месеци.
Ватикан њуз/к.мк