Папата: Епископот го брани својот народ

Папата: Епископот го брани својот народ

Во проповедта на 4 мај 2018 година за време на светата Миса во домот Света Марта, Светиот Отец истакна дека вистинскиот епископ го знае името на секоја овца поединечно и тоа ни помага да сфатиме како Исус ги замислувал пастирите: како оној кој е близу до своите овци.

Да се брани верата и да се зајакне во верата – е темата на која папата Фрањо ја посвети својата проповед. Појдовна точка на неговото размислување беше денешното прво читање од Делата на светите апостоли.

Смутеност на народот

„Бидејќи чувме дека некои, што излегоа од нас, ве смутиле со зборови, и ги одвратиле душите ваши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот, на кои ние не сме им заповедале“, пишува Петар и апостолите до антиохиската заедница, „откако се собравме, еднодушно најдовме за добро да избереме луѓе и да ги пратиме при вас заедно со нашите омилени Варнава и Павла,. луѓе, кои ги предадоа душите свои за името на нашиот Господ Исус Христос. И така, ние ви ги пративме Јуда и Сила, кои ќе ви го кажат тоа и со зборови.  Зашто на Светиот Дух и нам ни беше угодно веќе никакво бреме да не ви ставаме освен она што е потребно:. да се воздржувате од принесување жртви на идоли и од крв, од удавено, од блудство, и да им правите на други она што вам не ви е угодно. Ако се пазите од ова, добро ќе направите.” (Дела 15,24-29) А кога споменатото го причитаа на антиохиската заедница се зарадуваа поради утехата.

Бискупот како чувар го брани стадото од крадци

Папата рече дека оние кои се претставувале како бранители на верата, верувајќи дека се вистински теолози на христијанството, всушност го дезориентирале народот. Од друга страна апостолите, односно епископите денес, го зацврстуваат народот во верата. Епископот е оној кој надгледува, кој бдее – продолжи Светиот Отец. Тој е чувар кој знае да пази како би го одбранил стадото од крадците кои доаѓаат.

Исус добро го разликува вистинскиот пастир од наемникот, од оној кој доаѓа заради плата и кому не му е грижа кога ќе дојде волк и ќе изеде една овца – рече Папата. Од друга страна, вистинскиот пастир бдее, вклучен е во животот на стадото, го брани и се грижи за секоја овца поединечно. А кога некоја овца ќе замине или се изгуби, тогаш пастирот оди да ја побара како би ја вратил назад во стадото. Толку многу е вклучен во животот на стадото што не дозволува да се изгуби ниедна овца.

Народот го препознава вистинскиот епископ

Светиот Отец истакна дека вистинскиот епископ го знае името на секоја овца поединечно и тоа ни помага да сфатиме како Исус го замислувал пастирот: оној кој е близу до своите овци. Светиот Дух на христијанскиот народ му дава „чувство“, односно способност да го препознае вистинскиот епископ.

Папата Фрањо рече дека народот знае да го препознае епископот кој не се грижи за него, кој секогаш е зафатен, кој влегува во работи, кој е претприемач, кој секогаш е на пат со ковчег во рацете. Божјиот народ знае кога пастирот е пастир, кога пастирот им е близу, кога пастирот знае да бдее и да го даде сопствениот живот за нив – рече Светиот Отец притоа истакнувајќи го зборот „близина“.

Да побараме од Господ секогаш да ни дарува добри пастири, како на Црквата не би недостасувало пастирска грижа: без неа не можеме да одиме напред – рече Светиот Отец и заврши: Да молиме како пастирите би биле мажи кои работат, молат, кои се блису до Божјиот народ и кои знаат да бдеат.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот