Папата: Евхаристијата нè обединува во заедништво со Бог

Исус ја пролеа својата крв за откуп и нè изми од гревовите. Да гледаме во Него за да не ослабнеме и да пиеме од неговиот извор за да нè сочува од расипаноста – рече папата Фрањо во проповедта на света Литургија на празникот на Пресветата Евхаристија во базиликата Свети Иван Латерански.

Ние остануваме кутри грешници, но Христовата љубов нè ослободува од гревот и ни го враќа достоинството; нè ослободува од расипаноста – рече папата Фрањо во проповедта на света Литургија на празникот на Пресветата Евхаристија во базиликата Свети Иван Латерански.

Зборувајќи за силата на Евхаристијата, Папата нагласи дека таа го исполнува сојузот кој нè посветува, чисти и нè обединува во прекрасното заедништво со Бог. Така учиме – додаде – дека Евхаристијата не е награда за добрите, туку извор на сила за слабите, за грешниците. Поттикна за време на евхаристиската процесија верниците да бидат обединети со „браќата и сестрите кои не можат слободно да ја изразат својата вера во Господ Исус“ и често им се пролева крвата заради верноста на Христос. Нека нивната крв соединета со Господовата биде гаранција на мирот и помирувањето во целиот свет – нагласи Папата.

Со дарот на Исусовото присуство во вид на Леб и вино, учениците „имаат сè што им е потребно“ за ширењето на Царството Божјо по целиот свет – рече Светиот Отец и потсети на зборовите од службата на Словото: „Во лебото ќе го препознаете Оној кој висеше на крстот; во чашата ќе го препознаете она што потече од ребрата. Земете и јадете го Телото Христово; земете и пијте ја Крвта Христова. Вие веќе сте станале Христови органи. Јадете го сојузот свој за да не се разединувате; пијте ја цената своја да не ослабнете и без цена да не бидете.“

Постои опасноста на разединување и слабеење – рече Папата, објаснувајќи: Не сме во единство кога не сме послушни на Господовото Слово, кога не го живееме братството, кога брзаме да ги зграбиме првите места, кога немаме храброст да ја сведочиме љубовта. Меѓутоа, Евхаристијата ни овозможува да не се разединуваме, бидејќи таа е сојуз на заедништво. Учествувајќи во Евхаристијата и јадејќи ја се ставаме на патот кој не дозволува поделба.

Втората опасност е слабеењето односно „разводнувањето“ на христијанското достоинство. Тоа значи да им дадеме простор на идолопоклонствата на нашето време: на изгледот, потрошувачката, ставање на самиот себе во центарот; но и ривалството, горделивоста, неспособноста за признавање на грешките. Сето тоа нè ослабува, нè прави просечни, млаки, блуткави христијани односно како што рече Папата нè прави пагани.

Затоа да не заборавиме – поттикна на крајот Светиот Отец: „Јадете го сојузот свој за да не се разединете; пијте ја цената своја за да не ослабнете и да не бидете без цена.“

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Uncategorized

За авторот