Папата Фрањо потсети на 800-годишнината од стигмите на Свети Фрањо од Асизи и ги охрабри Фрањевците да го даваат Божјото простување и милости на сите кои страдаат во тело и дух.
На вас, на кој ви е простено бидете носители на простувањето, излекувани носители на исцелението, радосни и едноставни во братството, сето тоа од силата на љубовта која извира од ребрата Христови и се храни во вашата лична средба со Него“, ги поттикна Светиот Отец Малите браќа Фрањевци, примајќи ги во петок 5 април 2024 година во аудиенција фрањевците од Ла Верн – каде Свети Фрањо ги добил стигмите на 17 септември 1224 година – и фрањевците од тосканската провинција во Италија. Папата им се заблагодари за моштите од крвта на Свети Фрањо, кои ги донесоа за почитување.
Во своето обраќање ги повика христијаните да настојуваат да се сообличат со „сиромашниот и распнат Христос“. Тој рече дека стигмите на Свети Фрањо од Асизи е јасен знак за страдањата кои Христос ги претрпе за нашето спасение и Неговата победа над смртта. Папата понатаму истакна дека секој христијанин има должност да се грижи за сите „стигматизирани“ луѓе што ги среќава, а кои носат „лузни од страдање и неправда или грешки од минатото“ и додаде: „Во заедништво на љубовта на Црквата, секој од нас повторно открива кои сме: сакано, благословено и помирено дете, испратено да сведочи за чудата на благодатта и да биде творец на братството“.
Свети Фрањо, додаде Папата, делува како придружник на патот, помагајќи да се надминат тешкотиите и стравовите. Неговото сиромаштво на духот направи да се отвори кон Господа и потребите на своите браќа и сестри, секогаш верувајќи во љубовта на Отецот.
Во продолжение Светиот Отец се осврна на сликата на стигмите во животот на секој Фрањевец. Ја истакна потребата Фрањевците меѓу себе да бидат сложни и секогаш да простуваат како дел од посланието за „поправка“ на Црквата. „Вие сте добри исповедници“, рече Папата. „Фрањевецот ја има таа репутација. Простете на сите. Секогаш простувајте. Бог никогаш не се изморува да простува: ние сме тие што се изморуваме да бараме прошка“.
Папата Фрањо рече дека стигмите на неговиот имењак претставуваат „печат на суштинското“, покажувајќи го централното место на Христос во посланието на Црквата. Тој, исто така, ги охрабри малите браќа да и донесат на Црквата и на светот „дел од таа огромна љубов што го поттикна Исус да умре на крстот за нас“.
На крајот, Папата раскажа анегдоти од родната Аргентина, наведувајќи дека некои суеверни луѓе допираат железо кога ќе видат свештеник за да немаат „лоша среќа“. Меѓутоа, никој не го прави тоа кога ќе види свештеник во фрањевски хабит. „Кој знае зошто. Но, вашата облека ги потсетува луѓето на свети Фрањо и благодатите кои ги прими“, рече Папата во неговото обраќање до Фрањевците.
Ватикан њуз/к.мк