Во писмото упатено до римските свештеници папата Фрањо спомнува за бројните рани кои ги предизвика пандемијата. Како свештеничка заедница не бевме надвор од таа реалност и не гледавме од прозорецот, физичката оддалеченост го зајакна „чувството на припадност“.
Писмото кое папата Фрањо минатите денови го испрати до свештениците е писмо до епископите пастири на Божјиот народ од својата бискупија, кои со рака ја допреа болката на луѓето предизвикана од здравствената криза, непредвидена криза која секојдневно ја пратеа бројки, проценти и статистики кои имаа имиња, лица, заедничка судбина. Како свештеничка заедница не бевме надвор од таа реалност и не гледавме од прозорецот – пишува папата Фрањо. Опфатени од бурата која беснееше, се трудевте да бидете присутни и да ги придружувате своите заедници, видовте волк кој доаѓа и не побегнавте, ниту пак го напуштивте стадото.
Папата Фрањо сакаше да се сретне со свештениците од римската бискупија во воскресното време и сакаше да слави со свештениците од својата бискупија света Литургија со посвета на миро. Но затоа што тоа славење на „епископското обележје“ не беше возможно, Папата се одлучи да се обрати со писмо до секој свештеник, како би им бил близок, како би учествувал и би го потврдил заедничкиот пат. Светиот Отец напомена дека за време на оваа пандемија, по пат на електронска пошта и телефон примил сведоштва од бројни свештеници поврзани со непредвидената и запрепастувачка ситуација. Иако е потребно да се одржува социјална дистанца, тоа не го спречи заканувањето на чувството на припадност, заедништво и послание – истакна Папата.
Зборовите на папата Фрањо упатени до римските свештеници, се поврзуваат со искуството на првата апостолска заедница, која исто така ги живеела моментите на прогонство, изолација, страв и несигурност. Поминале педесет дена помеѓу неподвижност, затвореност и навестување кое засекогаш ќе ги промени нивните животи. Имено, Исус ги изненадил учениците и им рече: Мир вам! И во ова време, пишува Папата потсетувајќи на зборовите од пасторалната конституција ‘Gaudium et spes’ чувствуваме радост и надеж, жалост и вознемиреност кај денешните луѓе, посебно сиромашните и сите кои страдаат.
После доживеаниот драматичен период, сега се отвора нова фаза, која бара мудрост, далековидост и заедничко ангажирање, како досегашните напори и пожртвуваност не би биле залудни – додаде Папата. Се отвора нова страница после периодот исполнет со жалост и несигурност. Претрпевме нагла загуба на членови од семејствата, соседите, пријателите, парохјаните, исповедниците, помошници на нашата вера. Видовме неутешливи лица на оние кои не можат без своите сакани, без да се поздрават со нив во последните моменти. Времето на жалост беше и време на малаксаност со духот. Видовме страдање и немоќ на здравствените работници – истакна Папата. Сите почувствувавме несигурност и страв на вработените и волонтерите.
Проблемите предизвикани од пандемијата не предизвикаа само телесно страдање. Папата истакнува и за последиците на општествена конфинација: осаменост и изолација, посебно на старите лица, загриженост, вознемиреност и чувство на незаштитеност за работната и станбената несигурност, насилство и расипување на односите. Стравот од зараза силно ги погоди сите луѓе. Ја споделивме и вознемирената загриженост на цели семејства, кои не знаеја што ќе јадат следната седмица.
Освен тоа, таа голема загриженост на човечките граници уште повеќе се зголеми поради таа нова и непозната ситуација. Ја искусивме сопствената ранливост и немоќ – рече Папата. Растресени од сето што се случуваше, посилно ја почувствуваме неизвесноста на нашите животи и апостолските обврски. Непредвидливата ситуација ја истакна нашата неспособност за живот со непознатото и за соочување со него, со она со што не можеме да владееме ниту пак можеме да го контролираме. Како и сите други се почувствувавме збунети, престрашени и незаштитени.
Пандемијата ги стави пастирите и Божјиот народ пред нови предизвици. Во такви услови не е лесно да се најде патот по кој треба да се оди – напомена Папата и гледајќи во иднината, истакна дека ќе биде многу потребно да се развие внимателното слушање, постојано, но не загрижено, кое ќе ги подготвува патиштата, на кои Господ нè повикува да поминеме. Знаеме дека од страдањето и болното искуство не се излегува ист како претходно. Мораме да бидеме внимателни, затоа што патот кој треба да се помине не е без опасност – истакнува папата Фрањо.
Пандемијата исто така е можност за обнова. Сигурно би сакале сето тоа да не се случеше. Но секое време е погодно за навестување на мирот, ниту една ситуација не е без милост. Господ беше во состојба да ја преобрази секоја логика и да даде ново значење на историјата и настаните.
Верата нè повикува секогаш да воспоставуваме ново време. Господово време – истакна Папата и ги поттикнува свештениците да се препуштат да ги води Воскреснатиот. Тој нека нè научи да ги придружуваме, негуваме и преврзуваме раните на нашите народи, не со страв, туку храбро, грижливо и одговорно како Добриот Самарјанин; со радоста на пастирот кој ја пронајде својата овца – истакна меѓу другото Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк