Папата до правниците: Да се остварува цврст и траен мир
Светиот Отец со молитва ги следи работата на групите за смело и креативно да придонесат во барањето на решенија кои ќе го зајакнат мирот и правдата.
По повод 18-тата средба на редовната судска власт на Колумбија, Светиот Отец на претседателот на Врховниот суд во Колумбија Леонидас Бустос Мартинез упати порака, а ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар. Екселенцијо Светиот Отец Фрањо е запознат дека во градот Картагена де Индијас на 13 и 14 август ќе се одржи 18-тата средба на тема „Транзициската правда и мирот по конфликт“.
Темата на таа средба е од клучна важност за иднината на Колумбија, а во сегашната глобализирана епоха ги надминува националните граници. Светиот Отец со молитва ги следи работата на групите за смело и креативно да придонесат во барањето на решенија кои ќе го зајакнат мирот и правдата, почитувајќи ја националната и меѓународната правна структура. Средбата на тој начин ќе ја поддржи изградбата на сите инклузивни општества како и остварувањето на цврст и траен мир.
Со тие чувства, Светиот Отец искрено Ве поздравува, додека Божјиот благослов го повикува за сите учесници на средбата и за нивните семејства – стои на крајот од пораката.
РВ/к.мк/Д.И.