Папата до перуанските власти: Бранете ја надежта

Папата до перуанските власти: Бранете ја надежта

Работете на тоа за соочени со еколошката деградација и корупцијата да ја бранете надежта – истакна папата Фрањо за време на средбата со перуанските власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор во главниот град Лима.

Потсетувајќи на темата за својата апостолска посета на Перу „Обединети во надежта,“ Папата на собраните им рече дека оваа јужноамериканска земја само по себе е причина за надеж. Станува збор за земја која ја карактеризира гостољубивост, солидарност и почитување на другите.

Светиот Отец потоа напомена дека младите се најживотворниот дар кој го поседува перуанското општество додавајќи дека тие со својата динамичност и воодушевување нè поттикнуваат да сонуваме за иднина исполнета со надеж, која се раѓа од средбата со возвишената мудрост на стариот и новиот поглед кој го нудат младите. Папата Фрањо потоа рече дека надежта во таа земја го има лицето на светоста додавајќи дека Перу донел на светот светци кои ги асфалтирале патиштата на верата за целиот американски континент. Перу – рече – е земја на надежта која повикува и го предизвикува својот народ на единство.

Но, над таа надеж демне закана – предупреди Светиот Отец цитирајќи ја потоа својата енциклика „Laudato Si’“: „Никогаш човештвото не поседувало толку моќ над себе, а повторно ништо не гарантира дека ќе ја искористи мудро, посебно кога ќе земеме во предвид како се користи сега“ (LS 104). Папата зборуваше за тоа дека човештвото ја лишува земјата од нејзините природни ресурси без кои не е возможен никаков облик на живот. Загубата на џунглите и шумите – продолжи папата Фрањо – не значи само загуба на видовите, која исто така може да биде многу важен ресурс за иднината, туку и загуба на животните врски кои можат да резултираат со менувањето на целиот екосиситем.

Во тој контекст Папата истакна дека да бидеме обединети во одбраната на надежта значи да промовираме и развиваме екологија во целост како алтернатива на застарениот модел на развој. Напомена да се работи заедно за да се одбрани надежта бара да бидеме многу внимателни и на оној другиот посуптилен облик на еколошка деградација која сѐ повеќе го загадува целиот животен систем, имено корупцијата. Папата Фрањо рече да се биде „обединети во одбраната на надежта“ бара поголема културна транспарентност во јавните тела, приватниот сектор и граѓанското општество, не исклучувајќи ги притоа црковните организации. Никој не може да биде изземен од тој процес – рече Светиот Отец и заврши: Корупцијата е можно да се спречи и тоа бара ангажирање на сите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот