Папата до младите Холанѓани: Во Блаженствата можете да пронајдете програма за нов, чист и исполнет живот
Во Холандија во саботата и неделата 28-29 јуни се одржа средба на младите католици, до кои Светиот Отец упати порака, поттикнувајќи ги да бидат револуционерни по пат на Блаженствата.
Во Блаженствата можете да најдете програма за „нов, чист и исполнет живот“, истакна Папата во пораката предлагајќи им како пример да го следат блажениот Пиерџорџо Фрасати, кој не се задоволувал со „животарење“.
Да се живее без вера, без наследство што треба да се брани, без подршка од вистината во трајната борба, тоа не е живеење, туку животарење, пишува Папата повторувајќи ги зборовите на блажениот Пиерџорџо Фрасати, за да ги поттикне младите католици холанѓани да бидат „револуционерни“ како што се Исусовите Блаженства.
Папата напоменува дека пораката на Блаженствата, кои што се во центарот на подготовките за следниот Светски ден на младите во Краков, е „нов, чист и исполнет живот, а во нив се предлага модел на среќа спротивен на логиката на овој свет. Оние што Исус ги нарекува блажени, приметува Папата, светот ги смета за некорисни и губитници. Светот го слави „успехот по секоја цена, богатство, моќ“ и лично остварување на штета на другите. Исус спротивно од тоа нуди многу поразлично сфаќање на блаженствата: ни го отсликува патот за животот и вистинската среќа. Токму, самиот Исус е патот, а со својот живот ни покажа како да ги живееме Блаженствата, истакна папата Фрањо.
Исус со неизмерна љубов нѐ љуби сите нас, пишува понатаму Светиот Отец, а со својата смрт и воскресение ни го отслика бескрајното милосрдие. И така „кога размислуваме за сиромашниот Исус, на чистотата на неговото срце и неговото милосрдие, ја сфаќаме убавината на својот христијански повик и не се двоумиме да се приближиме на патот што води до вистинска среќа, пишува папата Фрањо.
Не плашете се од Христос, поттикнува Папата, цитирајќи го почесниот папа Бенедикт XVI: „Тој не ви зема ништо, а ви дава сѐ“. Младите сакаат да живеат силни искуства. Ве поттикнувам сериозно да го сфатите Божјото Слово. Кажете „НЕ“ на минливата, површна култура, како и на културата на одбивање; култура која не ве смета силни, која ве смета за неспособни за да се соочите со големите предизвици на вашиот живот. Вашите мисли нека летат високо, заклучи на крајот Светиот Отец.
РВ/В.Н.