Папата: Гостољубивоста припаѓа на христијанската тардиција, да се отвориме за доброто на сите

Папата: Гостољубивоста припаѓа на христијанската тардиција, да се отвориме за доброто на сите

Не смееме да дозволиме да нè привлече логиката на светот, туку треба да ги слушаме малите и сиромашните, затоа што Бог преку нив сака да ни ги испрати своите пораки и сака сите луѓе да се спасат – се мисли од проповедта која папата Фрањо ја одржа на Вечерната молтва на празниот Преобраќање на свети Павле, со која заврши Молитвената осмина за единство на христијаните.Гледајте понатаму од поединечните интереси и наследството од минатото, со желба да одите напред кон заедничкото пристаниште – е поттикот кој папата Фрањо до даде на крајот од Молитвената осмина за единство на христијаните, предводејќи ја Вечерната молитва во базиликата Свети Петар надвор од ѕидините.

Во проповедта се фокусираше на гостољубивоста, поврзана со темата на Молитвената осмина преземна од 28 глава од Делата Апостолски: „Ни укажаа необична човекољубивост“ (Дела 28,2). Тие зборови се однесуваат на жителите на Малта кон морнарите, војниците и заробениците кои доживеале бродолом, а меѓу нив бил и свети Павле.

Од оваа Молитвена осмина сакаме да научиме како да бидеме гостољубиви, пред сè меѓу нас христијаните, но и кон браќата со различна вера – истакна Папата и напомена дека гостољубивоста припаѓа на традицијата на христијанските заедници и семејства. Осврнувајќи се на бродоломот кој свети Павле го доживеал на брегот на Малта и бурата која на него и на сопатниците ги придружувала со денови, Папата рече дека често како и во таа приказна, тие најслабите ја носат најважната порака за спасението.

Имено, Павле бил заробеник и како таков ги уверувал останатите кој ја губеле надежта дека ќе преживеат. На Бог му се допадна да нè спаси на тој начин, не со силата на светот, туку со слабоста на крстот (Кор 1, 20-25) – рече Светиот Отец и додаде: Како Исусови ученици мора да бидеме свесни за да нè не привлече логиката на светот. Наместо тоа треба да ги слушаме малите и сиромашните, затоа што Бог сака да ги испраќа своите пораки преку нив кои повеќе наликуваат на Неговиот Син.

Спомнатиот извештај од Делата на светите Апостоли изнесува дека се спасиле сите, кои со Павле биле на бродот и во врска со тоа, Светиот Отец потсети дека апостолот на народите на друго место пишува дека Бог сака сите луѓе да се спасат (Тим 2,4). Тоа е повик да не се посветуваме исклучиво на своите заедници, туку да се отвориме за доброто на сите, со универзалниот поглед на Бог кој се овоплоти за да го прегрне целиот човечки род и Кој умре и воскресна за спасение на сите. Ако со Неговата милост го усвоиме Неговото гледање на работите, можеме да ги надминеме нашите поделби – рече Папата.

Токму како во бродоломот на Павле секој придонесува за спасение на сите, така и меѓу христијаните секоја заедница има дар кој може да го понуди на другите. Ако гледаме подалеку од своите интереси и го надминеме наследството од минатото со желба да одиме напред кон заедничкото пристаниште, порано спонтано ќе ги препознаеме, прифатиме и делиме тие дарови – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот