Папата до младите учесници на Youth 4 Climate: Вие не сте само иднината, туку и сегашност
Папата Фрањо упати порака до младите кои се собрани во Милано на подготвителен семинар за конференцијата Коп26 која ќе се одржи во Глазгов на крајот на октовмри.
Визијата на младите е способна да го предизвика светот на возрасните. Тие се зборви кои Светиот Отец во видео порака ги упати до младите на семинарот Youth 4 Climate во Милано. Папата на шпански јазик им се заблагодари за нивните соништа и проекти и грижата, како за човечките односи така и за животната средина. Тоа сведочи не само за нивната подготвеност за делување, туку и за отвореноста за трпеливо слушање, за конструктивен дијалог и меѓусебно разбирање.
Се велидека вие сте иднината, рече Папата на младите, но во овие прашање сте сегашноста, вие сте тие кои денес, во сегашноста, ја градите иднината. Ги охрабри да ги обединат напорите во сеопфатен образовен сојуз за да формирате цврсти, добри и зрели генерации кои ќе бидат способни да ја надминат поделеноста и однова да градат односи за да оствариме едно братско човештво.
Во таа насока оди и Глобалниот образовен пакт кој е започнат во 2019 година, а кој сака да пружи заеднички одговори на историските промени кои ги доживува човештвото и кои уште повеќе ја расветлуваат пандемијата. Затоа, вели Папата постои потреба за култура на грижа и одговорно делење. По пат на заеднички решенија и проекти можат да се пронајдат решенија за енергетското сиромаштво и да се стави грижата за заедничките добра во центарот на националните и меѓународните политики, да се промовира одржливо производство, кружна економија и да се комбинираат соодветни технологии.
Техничките и политичките решенија, повтори Папата всушност не се доволни ако не се придржувани со одговорноста на секоја членка и во образованиот процес кој фаворизира културен модел на развој и одржливост насочен на братството и сојузот помеѓу човечките битија и животната средина. Мора да постои хармонија помеѓу луѓето и животната средина, истакнува Папата. Ние не сме непријатели, не сме рамнодушни, рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк