Папата до младите на Тезе средбата во Прага: Отворете ги патиштата на слободата
Бидете сол во светот на кој му е потребен да го пронајде „вкусот“ за Бог – е желбата која папата Фрањо ја изрази во пораката која ја потпиша неговиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, упатена до илјадници момчиња и девојки кои од 29 декември 2014 до 2 јануари 2015 година се наоѓаат во Прага на традиционалната 37 молитвена средба која на крајот на годината ја организира заедицата од Тезе.
Тоа што на крајот на годината ги соединува младите од европскиот исток и запад се нарекува „Поклоничко патување на доверба на земјата“, тоа е пат кој треба да се живее во молитва и взаемен дијалог – рече Папата во пораката. Преку Својот Дух кој живее во нас, Христос ви дава да бидете сол на земјата затоа што сака да му го врати на светот неговиот вистински вкус и тоа преку откривање на убавината на заедништвото со Бог и меѓу браќата – истакна Светиот Отец.
Во моментот кога Република Чешка слави 25 години од враќањето на демократијата – напиша Папата – немојте во своите молитви да ги заборавите мачениците и оние кои ја покажувале својата вера; мажи и жени со добра волја кои со бесплатниот дар на самите себе понекогаш и по цена на големо трпење, овозможиле нивната земја да го пронајде патот до слободата. И вие сте повикани – продолжи папата Фрањо – да ги отворате патиштата на слободата, давајќи се себа на располагање на Марија од Назарет кога го прифатила во себе животот на Синот Божји. Тој е животот кој треба да се развива во вас – рече Светиот Отец.
Но, да го прифатиш во себе Исусовиот живот секогаш е нераскинливо од неговото сведочење на другите. Заради тоа Папата истакна да се верува во способноста на замислувањата и во креативноста на младите од Тезе што ќе помогне Евангелието денес да биде радосно навестено и слушано во нивните земји. Притоа наведе една своја мисла од апостолското писмо Радоста на Евангелието во кое за младите зборува како за патници на верата радосни затоа што го донесуваат Исус на секој улица, на секој плоштад, во сите краишта на земјата.
Спомнувајќи си потоа на мисли кои ги истакнал во текот на патувањето во Турција во ноември ова година, а што се донесува до младите православни, католици и протестанти кои ќе се сретнат на меѓународните средби кои ги организира заедницата од Тезе, Папата на младите собрани во Прага им порача: „Тие од нас бараат да направиме чекори напред кон целта на полното заедништво.“
РВ/Д.И.