Папата Фрањо им упати порака на учесниците на 42. екуменска новогодишна средба на млади која започна на 28 декември во Вроцлав, на југозападот на Полска. Како и секоја година ја организира екуменската заедница од Тезе, а ќе трае до 1 јануари 2020 година
Темата за овогодинешната средба, на која ќе учествуваат околу 15.000 луѓе е „Секогаш на патот, никогаш искоренети.“ Светиот Отец на младите меѓу останатото им посaка секогаш заедно да откријат во која мерка вкоренетоста во верата ги повикува и подготвува да одат во пресрет на другите и да одговорат на новите предизвици во нашето општество, пред сè на опасноста која се заканува на нашиот заеднички дом.
Полска – земја вкоренета во верата
Во пораката која ја потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин се наведува примерот на Полска татковината на свети Иван Павле II, земјата домаќин на овогодинешната средба која е вкоренета во верата и тие корени му овозможиле на полскиот народ да издржи пред големите искушенија, кога се загубила секоја надеж. Ќе откриете дека многу може да се научи од оние кои останале верни на Христос пред искушението да попуштат на најлесното решение. Тие христијани се осудиле да веруваат во поинаква иднина – порачува Папата.
Вие сте Божјото „денес“
Во заедништво со другите, ќе го откриете изобилството на радости кои се кријат во заминувањата, кога понекогаш како Авраам не ја знаете однапред дестинацијата. Бидете секогаш подготвени за нови заминувања и сведочење на Евангелието и целосно присутни со оние околу вас, посебно најсиромашните и оние во потреба. Не чекајте утре со својата енергија, храброст и креативност да соработувате на преобразувњето на светот. Вие сте Божјото „денес“ и Тој сака да биде плодни.
Светиот Отец сите вас ве благословува: младите, браќата членови на Заедницата од Тезе, семејствата и парохиите кои ве примија – стои во порката која ја потпиша кардиналот Паролин, во која Папата на крајот изразува желба верата на Марија која побрзала во пресрет на роднината Елисавета (Лк 1,39), го поддржи кај тие млади занесот на довербата во нејзиниот Син.
Пораката на патријархот Вартоломеј, митрополитот Иларион и главниот секретар на Екуменскиот совет на цркви
Покрај Светиот Отец учесниците на средбата во Вроцлав порака упати и цариградскиот патријарх Вартоломеј кој истакна дека тие млади како апостоли со својот животен избор станале Христови пратеници во светот.
Рускиот православен митрополит Иларион Алфеев претседател на Одделот за надворешни односи на Московскиот патријархат во име на патријархот Кирил порача дека овде станува збор за сведочење на Христос, посебно важно во време на Божиќ, на чие вистинско значење светот посветува сè помалку важност и кога Христовото име сè повеќе се сокрива зад елки, украси, саеми и купување во трговските центри.
Главниот секретар на Екуменскиот совет на цркви отец Олав Фикс Твеит истакна пак дека никогаш не сме искоренети од Христовата љубов и дека тие млади ходочасници ги поминале општествените, културните и верските граници за да се запознаат и да го делат длабокото заедништво со Бог затоа што Христос не е врзан или ограничен на ниту еден народ или националистичка програма.
Ватикан њуз/к.мк