Заштитата на животната средина е предизвик за сите – истакнува папата Фрањо во својата порака до учесниците на 23. конференција на ОН за климатските промени што се одржа во Бон на 16 ноември 2017 година. Папата инсистираше на поглема солидарност кога станува збор за заштита на климата. Тоа е еден од феномените кои денес најмногу загрижуваат – рече Светиот Отец, притоа осудувајќи ги четирите изопачени однесувања: негирање на проблеми, рамнодушност, безволност и надевање во несоодветни решенија. Овие однесувања претставуваат голем ризик за дијалогот за иднината на целата планета.
Во своето писмо Папата потсети на процесот кој започнувајќи од Рамковната конвенција на ОН за клима доведе до Парискиот договор. На тој начин е зајканата потребата од пронаоѓање заедничка стратегија – истакна Папата, додавајќи дека во Бон актерите треба да го унапредат тој процес и тоа преку насоките, одредбите и институционалните механизми. Парискиот договор за климатски промени нѐ потсетува дека треба да дејствуваме брзо и при тоа да бидеме што повеќе слободни од политичките и економските притисоци.
Папата посочи дека побогатите земји можат да ја преземат улогата на предводници. Истовремено предупреди дека не треба да се потпираме само на технички решенија, туку е должност да се преиспитаат краткорочните и долгорочните етички и социјални последици од климатските промени. Светиот Отец на крајот од своето писмо изрази желба да се обрне внимание на едукацијата и начинот на живот, кои се темелат на целосната екологија, која ќе биде способна да ја преземе визијата за чесно истражување и отворен дијалог со цел да се дејствува веднаш, без одлагање, со учество од сите.
РВ/к.мк