Папата до домородното население во Мексико: Денешниот свет има потреба од вашата култура

Папата Фрањо на 15 февруари служеше света Литургија за бројното домородно население во јужната мексиканска држава Чијапас. На домородното население им порача дека на денешниот свет му е потребна нивната култура, како и нивните вредности и традиција.

Светиот Отец светата Литургија ја служеше на спортскиот стадион Сан Кристобал де Лас Касас, а читањата – и молитвата на верните – беа навестени на разни месни јазици. И покрај тоа што е богат со природни ресурси јужниот дел на Мексико значително е помалку развиен од останатиот дел на земјата и бележи високо ниво на сиромаштво и неписменост.

Во проповедта Папата рече дека домородните култури „на систематски и организиран начин“ биле погрешно сфатени и исклучувани од општеството. Некои сметале дека вашите вредности, култури и традици се инфериорни – рече Папата – додека други „опиени од моќта, парите и пазарните трендови ја украле вашата земја или ја загадиле.“ Нагласи дека секој човек треба „да ја испита својата совест и да научи да каже: Прости! Брате прости!“

Папата Фрањо посебно истакна дека домордното население има многу да кажат на остатокот од светот за тоа како да се делува на „соодветен начин со природата“ кои тие ја „почитуваат како извор на храна, заеднички дом и олтар на меѓусебно делење.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот