Папата до доминиканците: проповедајте, сведочете

На 4 август 2016 година папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на генералниот капитул на Редот на проповедниците – доминикаците. Ги поттикна да бидат „верни учители на вистината и храбри сведоци на Евангелието.“

Меѓу нив беше и врховниот поглавар на тој ред фра Бруно Кадоре. Оваа година – потсети Папата – посебно е значајна за доминиканците затоа што ја слават 800-тата годишнина од папското признавање. Притоа изрази благодарност за големиот допринос на доминиканците за Црквата и за нивната соработка со Апостолскиот престол „во духот на верно служење“ од почетокот сѐ до денес.

Осмиот век – продолжи Папата – буди сеќавање на многу верни и учени мажи и жени, маченици и апостоли на љубовта кои ја донесувале Божјата благост и нежност на луѓето во цел свет, збогатувајќи ја Црквата и покажувајќи нови можности за овоплотување на Евангелието по пат на проповедање, сведочење и активна љубов.“ Тие се и „трите столба“ за иднината на редот на проповедниците кои ја одржуваат свежината на нивната харизма.

Бог го поттикнал свети Доминик за основање на нов ред чие послание ќе биде проповедање – мисијата која Исус им ја доверил на своите апостоли. Словото Божјо изгорува од внатре и поттикнува да излеземе за да го навестеме Исус Христос на сите народи – продолжи папата Фрањо. „Размислувај и потоа поучувај“ – е мотото кое го водело на свети Доминик. Тоа значи да дадеме Бог да нè евангелизира, за потоа ние да евангелизираме.

Светиот Отец нагласи дека без силно лично заедништво со Господ, проповедањето може да биде многу возвишено и мотивирачко, вредно за восхит но нема да допре до срцата – а срцата се тие кои треба да се променат. Ефикасното пренесување на Божјото Слово – продолжи – бара и сведоштво. Затоа ги поттикна доминиканците да бидат „верни учители на вистината и храбри сведоци на Евангелието.“ „Сведокот ја овоплотува науката ја прави опиплива“ и „никој не остава рамнодушен; вистината ја придружува радоста на Евангелието.“

„Добар проповедник е свесен за фактот дека оди по свето тло затоа што Словото кое со себе го носи е свето, а тоа се и нејзините слушатели. На верниците не им е потребно само да го примат Словото во неговата целосност, туку и да го искусат животното сведоштво на оној кој им проповеда“ – рече Папата.

„Христовото живо и напатено тело довикува до за проповедникот и не го остава мирен. Повикот на сиромашните и отфрлените дава да сфатиме како Исус се сожали над народот“ – рече Светиот Отец. Вели дека луѓето на денешницата се „жедни за Бог“ и дека тие го прават „Христовото живо мето “ кое вика: „жеден сум за вистински и ослободителни зборови, братски гестови и нежност.“ Таа молба треба да ги оживува „структурите и пасторалните програми.“

„Колку повеќе се излегува за да се угасне жедта на другите, толку повеќе ќе бидеме проповедници на вистината“ – рече Папата додавајќи дека „средбата со Христовото живо тело“ нè ослободува од „опасното искушение на гностицизмот кој денес е актуелен.“ На крајот ги поттикна членовите на Редот на проповедниците со радост да ја следат харизмата на свети Доминик. Неговиот пример – рече – нè поттикнува да се соочиме со иднината со надеж знаејќи дека Бог секогаш сè обновува и не разочарува.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот