Зборувајќи им на претставниците на власта, цивилното општество и дипломатскиот кор, папата Фрањо во своето прво јавно обраќање во Грција ги повика одговорните на обновено човештво кое го почитува правото на живот.
Светиот Отец ја повтори мислата дека тој е ходочасник во ова земја која е богата со духовност, култура и цивилизација. Без Атина и Грција, рече Папата Европа и светот не би биле тоа што се денес. Би биле помалку мудри, помалку радосни.
Од овие места се проширија хоризонтите на човештвото. Грција ги повикува мажите и жените од сите возрасти да го насочат патувањето на животот кон висините, рече Папата давајќи го примерот на највисоката точка на градот на која лежи Акрополот, која од далеку била воочлива за генерации патници, зборувајќи им за присуството на божеството. Треба да го насочиме погледот кон Бог, нагласи Папата, истакнувајќи дека ни е потребна трансцеденцијата за навистина да бидеме луѓе. Денес во западот кој потекнува од ова место, постои заборав на нашата потреба за небото, заробени сме во брзината на илјадници земски грижи и незаситната алчност на отуѓувачкиот консумеризам. Сепак места како овие нѐ повикуваат да го почувствуваме восхитот пред бесконечното, убавината на постоењето и радоста на верата, рече папата Фрањо.
Во овој град, нашиот поглед не е насочен само кон висините, туку едни кон други. На ова нѐ потсетува морето кое го обликувало повикот на ова земја, поставена во срцето на Медитеранот, да биде мост кој поврзува разни народи. Папата се присети и дека Атина е колевка на демократијата, кажувајќи дека таа колевка станала дом на демократските народи – притоа мислејќи на ЕУ и за сонот за мир и братство.
Меѓутоа со загриженост забележуваме дека денес не само во Европа, сведочиме повлекување од демократијата. Демократијата, рече Папата, бара учество на сите заради тоа бара труд и трпение. Комплексна е, наспроти авторитаризмот кој е неоспорен и популизмот чиј лесни одговори наизглед се привлечни. Универзалното учество е клучно, не само за да се постигнат заеднички цели, туку затоа што одговара на она што сме – општествени битија, истовремено единствени и меѓусебе зависни.
Во исто време, рече Папата го сведочиме скептицизмот за демократијата кој е предизвикан од одалеченоста на институциите, стравот од загубата на идентитетот, бирократијата. Решението нема да се пронајде во опсесивна потрага за популарност, жед за видливост, во налетот на нереални ветувања или приврзаност на идеолошката колонизација, туку во добрата политика, нагласи Папата, потсетувајќи дека политиката е пракса и одговорност на граѓаните, уметност на општото добро. За тоа добро навистина да се подели, нагласи Папата мора да се даде приоритет на слабите слоеви на општеството. Потребна е промена на насоката, рече Папата, повикувајќи да си помогнеме едни на други преминувајќи од партизација во учество.
Токму тоа би требало да нѐ поттикне на делување на разни подрачја, рече Папата – како климата, пандемијата, заедничкиот пазар, а пред сѐ раширените облици на сиромаштво. Потребно е тоа на меѓународната заедница и политиката за да го стават општото добро над приватните интереси и претераните националистички барања, нагласи Папата.
Уште една слика на Медитеранот која ја истакна Папата е она на маслинката која спојува голем број земји кои ги опкружува море. Тажно е да се види како во последните години изгореа многу вековни стебла на маслинки заради пожари не ретко предизвикани од неповолните временски услови, предизвикани од климатските промени. Наспроти ранетиот пејсаж на ова чудесна земја, рече Папата маслиновото стелбо може да претставува одлучност да се фати во костец со климатската криза и уништувањето кое го предизвикува. Светиот Отец потсети и дека на Ное гулабот му донесува маслинова гранка, знак на закрепнувањето и сила за повторен почеток на промената на начинот на живот и обнова на исправниот однос со Создателот и со сите созданија. Во таа смисла, истакна Папата мојата надеж е обврските преземени во борбата против климатските промени дека ќе можат потполно да се поделат и сериозно да се спроведат, а не да бидат само фасада. (…)
Грција доживеа на некои свои острови доаѓање на поголем број на браќа и сестри мигранти од бројот на домашното население, што ги зголеми потешкотиите кои сѐ уште се чувствуваат како последица на економската криза. Но, Европа и понатаму одложува, предупреди Светиот Отец, европската заедница е плен на себични облици на националистички интереси, наместо да биде двигател на солидарноста и понекогаш изгледа блокирана и некоординирана. Во минатото идеолошките конфликти спречуваат градење на мостови помеѓу источна и западна Европа; денес прашањето на миграцијата доведе и до раздор помеѓу северот и југот рече Папата, повторувајќи го апелот за целосен, заеднички поглед на миграцијата и вниманието да се посвети на оние кои се во најголема потреба за согласно со можностите на секоја држава да бидат прифатени, заштитени, промовирани и интегрирани со целосно почитување на нивните човекови права и достоинство. Наместо современ предизвик ова претставува обезбедување на иднината обележана со мирен соживот со сите кои се принудени да побенат во потрагата за нов дом и надеж. Тие, нагласи Папата се протагонисти на грозната современа одисеја. (…)
Папата го заврши својот говор со охрабрување до власта да ја води Грција по патиштата на отвореност, вклучување и правда. (…)
Ватикан њуз/к.мк