Како што знаете наскоро започнува синодата, одење во кое целата Црква ќе размислува за темата синодална Црква – за заедништвото, учеството и посланието. Многу е важно Римската бискупија да биде одлучна и посветена на тој пат. Тоа се зборовите на папата Фрањо како бискуп на Рим до верниците на неговата бискупија. Се сретна со 400 од нив од разни парохии во салата Павле VI.
Синодалното одење е замислено како динамика на меѓусебно слушање на сите нивоа на Црквата и вклучување на целиот Божји народ. Синодалноста не е тема за расправа за еклезиологијата, модата, слоган за нашите состаноци. Синодалноста ја изразува природата на Црквата, нејзиниот облик, стил, послание, нагласи Светиот Отец.
Да се оди заедно
Зборот „синода“ содржи сѐ што треба да разбереме: „да одиме заедно“. Зборувајќи за Делата на светите апостоли, кои ги нарече прв и најважен прирачник за еклезиологија, рече дека во нив сите се протагонисти кои одат заедно кон Словото. Службите тогаш навистина биле служби, а авторитетот се раѓа од слушањето на Божјиот глас и народот.
Светиот Дух и ние
Папата говорејќи за делувањето на Светиот Дух во раната Црква, се осврна на искуствата на Петар и Павле кои се запишани во Делата на светите апостоли. Меѓу останатото кажа дела меѓу предизвиците тогаш била и појавата на различни визии и очекувања. Не треба да се плашиме за тоа што се случува околу нас. Тоа се знаци на послушност и отвореност кон Духот, рече Папата. (…)
Задржувајќи се на зборовите „Светиот Дух и ние“, Папата истакна дека Црквата како што пишува во „Лумен Гентиум“ е знак и оружје на блиско соединување со Бог и целиот човечки род. Меѓутоа секогаш постои искушението да делуваме сами. Секогаш ќе има расправа, предупредува папата Фрањо, но решенија мора да се бараат со давање на зборовите на Бог. (…)
Синодалната Црква е „хоризонтална“
Заедничкото одење ја открива хоризонталноста, а не вертикалноста како водич. Синодалната Црква го обновува хоризонтот од кој излегува сонцето – Христос. Исто така, Папата нагласи дека личната и заедничката димензија на чувствување на верата се наразделни – sensus fidei (чувство за вера) не можат да постојат без учество во животот на Црквата, мора да постои чувство дека ги имаме „истите мисли, што ги има Исус Христос“ (Филипјани 2,5).
Божјиот народ и одговорност
Мора да се чувствуваме дел од голем народ, приматели на Божјите ветувања, отворени за иднината во која го очекување учеството на сите во гозбата која Бог ја подготви за сите народи. На тој траг Папата ги предупреди верниците дека сфаќањето на Божјиот народ може да биде заробено во идејата за исклучивост и привилегија. Тоа не е привилегија, туку дар кој личноста го прима за сите, одговорност.
Ако парохијата е дом на сите во соседството, а не ексклузивен клуб, препорачувам: оставете ја вратата и прозорците отворени, не се ограничувајте само на оние кои ја посетуваат или размислуваат како вас. Дозволете им на сите да влезат… Дозволете на себе да излезете и дозволете на себе да ве испитуваат, нека нивните прашања бидат ваши прашања, дозволете ни да одиме заедно: Духот ќе ве води. Не се плашете да влезете во дијалог и нека дијалогот ве предизвика: тоа е дијалогот на спасението.
Дојдов да ве поттикнам сериозно да го сфатите овој синодски процес и да ви кажам дека Светиот Дух ви треба, заклучи Папата. Слушајте Го така за да се слушате себе и не изоставувајте никого. Тоа не важи само за присутните, туку и за целата Црква, рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк