Папата до верниците во Никарагва: Никогаш не се сомневајте во Бог, дури и во најтешките моменти
Папата Фрањо во пасторално писмо до верниците во Никарагва, кои овие денови молат деветница на Безгрешното зачнување, посака прославата што ја подготвуваат за почетокот на јубилејот во 2025 година да им го даде потребното охрабрува во времиња на тешкотии, несигурност и напор. Папата им вети на Никарагванците дека „непрестајно“ се моли на Дева Марија за таа да ги утеши и придружува, зајакнувајќи ги во верата
Папата Фрањо испрати Пасторално писмо до верниците од Никарагва, централноамериканска земја која со години се соочува со тешка криза која ја зафати и Католичката црква, поради серијата апсења и протерувања на бискупи и свештеници. Затоа Папата истакнува: „Не заборавајте на Божјата промисла полна со љубов, која нè придружува и е единствениот сигурен водич. Токму во најтешките моменти, кога станува човечки невозможно да се сфати што сака Бог од нас, повикани сме да не се сомневаме во неговата грижа и милосрдие“.
Доверба во Бога и верност кон Црквата
„Доверба во Бога и верност кон Црквата“, наведува Папата во посланието, „се двата големи светилници кои го осветлуваат постоењето на верниците во Никарагва“. Папата ги уверува дека верата и надежта прават чуда; Пример за тоа е Пречистата Дева Марија, големо сведоштво за доверба. Секогаш сте ја искусувале нејзината мајчинска заштита во сите ваши потреби и ѝ изразувате благодарност со многу убава и духовно богата побожност“, истакнува папата Фрањо.
Охрабрување во време на неволја
Воедно, Светиот Отец изрази надеж дека прославата на Безгрешното зачнување на Марија, кое е своевидна подготовка за почетокот на јубилејот 2025 година, за сите верници на таа централноамериканска земја.ќе биде „охрабрување, кое е потребно во тешкотии, неизвесности и напори“
„Не заборавајте да се ставите во прегратките на Исус“ , ги охрабри Папата, ветувајќи од своја страна дека никогаш нема да недостасува молитвата: „Постојано ја молам Пресвета Богородица да ве утеши и придружува, зајакнувајќи ве во вера сакам силно да нагласам дека Богородица не престанува да се застапува, а ние да не престанеме да молиме Исус секогаш да ве држи за рака“.
Ватикан њуз/к.мк