Папата до богословите: Тешко на пастирите кои самите себе се пасат, а не стадото

На 14 април Светиот Отец ја прими во аудиенција заедницата на Папскиот колегиј од Анагнија основана од папата Лав XII во која се воспитуваат свештенички кандидати од неколку бискупии од Лацио. По трагите на воспитната традиција, богословијата е повикана на кандидатите за свештеници, во денешната Црква да и овозможи искуство кое нивниот повик ќе го претвори во плодна апостолска реалност – истакна Светиот Отец.

Говорејќи за улогата на богословиите, Папата рече дека целта на нивната богословија е идните свештеници да ги подготвува во средина на молитва, учење и братство. Таа евангелска средина, живот полн со Светиот Дух и човечност на кандидатите им овозможува секој ден да апсорбираат чувства за Исус Христос, Неговата љубов кон Бог Отецот и кон Црквата, неговото апсолутно служење на Божјиот народ – рече Папата.

Вие, драги богослови не се подготвувате за некој занает, за да станете работници во некоја фирма или во некоја канцеларија. Ве молам, чувајте се тоа да не ви се случи. Вие станувате пастири по сликата на Исус, Добриот Пастир, да бидете како Тој и во Неговата име во средината на Неговото стадо да ги пасете Неговите овци – кажа Светиот Отец.

Говорејќи пак за свештеничкиот повик, рече дека на него може да се одговори како што Марија одговорила на Ангелот: Како ќе биде тоа? (Лк 1, 34). Да станеш добар пастир сличен на Исус е голема работа, а ние сме многу слаби… – Да, вистина е, многу голема работа е; но тоа не е наше дело! Тоа е дело на Светиот Дух со наша соработка – рече папата Фрањо.

Станува збор за тоа самите себе си понизно да се понудиме, како глина за обликување, за грнчарот кој е Бог да ја обликува во оган и вода. Станува збор за тоа да се постигне тоа што го вели Свети Павле: „и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене.“ (Галатјани 2,20). Единствено така може во Црквата да се биде ѓакон и свештеник; единствено така може да се пасе Божјиот народ и да го водиш не по своите патишта, туку по патот Исусов, односно Патот кој е Исус – рече папата Фрањо додавајќи:

А тоа значи секој ден да медитираш за Евангелието, за да може да се пренесува во животот и во проповедувањето; значи во светата Тајна Помирување да го искусиме Божјото милосрдие за да станеме великодушни и милосрдни делители на таа света Тајна; значи со вера и љубов да се нахраниме со Евхаристијата, за да можеме со Евхаристијата да го храниме Божјиот народ; значи да бидеме луѓе на молитвата, да станете Христов глас кој го фали Бог и постојано посредува за браќата (Евреи 7,25) – објасни папата Фрањо и предупреди:

Ако не сте расположени да го следите тој пат, со такво однесување и искуства тогаш најдобро е храбро да се одлучите за друг пат. Во Црквата има многу начини за христијанско сведочење. Во свештеничкото наследување на Христос нема место за просечност која секогаш води кон тоа светиот Божји народ да се користи за сопствена корсит. Тешко на злите пастири кои самите себе се пасат а не стадото! – опоменувале пророците (Језекиил 34, 1-6) Нека ова „опомена“ ве поттикне на размислување за вашата иднина – заврши Светиот Отец препорачувајќи ги богословите на Блажена Дева Марија и воедно молејќи ги да молат за него.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот