Папата до богословите: Сакајте го Бог и ближниот

Папата до богословите: Сакајте го Бог и ближниот

На 21 април 2018 година папата Фрањо по повод неколку годишнини кои се слават во Црквата во Англија и Велс ги прими во Ватикан поглаварите и студентите богослови во англискиот колегиум во Рим.

Изразувајќи радост заради средбата со нив кои се подготвуваат постојано да Му служат на Господ што ќе трае целиот живот, истакна: Потешко е за вас отколку што било за мене заради денешната „култура на привременост.“ За да го надминете тој предизвик и да Ви помогне да дадете вистинско ветување на Бог од животна важност е во текот на годините поминати во богословија да го храните својот внатрешен живот, учејќи се да ја затворате вратата на вашата внатрешна ќелија одвнатре. На тој начин вашата служба на Бог и Црквата ќе биде зацврстена и ќе најдете мир и среќа која само Исус може да ја даде.

Како што знаете не сме сведоци Христови заради своја корист, туку заради другите, постојано служејќи – рече Светиот Отец и нагласи: Да настојуваме да служиме не заради едноставното чувство, туку од послушност на Господ кој се наведнува за да ги измие нозете на учениците. Како апостоли и мисионери не можеме да живееме изолирани, туку секогаш во соработка со другите свештеници, монаси и монахињи, верниците лаици. Понекогаш е тешко да го сакаме нашиот ближен и нашето служење да биде делотворно, затоа треба постојано да сме фокусирани и постојани во Бог кој нè љуби и поддржува. Поаѓајќи од таа внатрешна цврстина е возможно да се поднесуваат другите трпеливо и постојано во доброто. Таа внатрешна цврстина и верност на љубовта била карактеристична за животот на мачениците кои во минатото биле членови на вашиот колегиум, а тоа е важно за нас кои настојуваме да го следиме Исуса кој нè повикува во нашата слабост да служиме на неговото величество и кој го извршува своето гостопримство меѓу сиромашните.

Еден од начините на кој може да расте нашата љубов кон Бог и ближниот е преку заедничкиот живот. Не е случајност што 44 некогашни членови на вашата богословија во текот на историјата станале маченици. Со помош на водството и преку вдахновението од тие светци се надевам дека ќе бидете способни да ја развивате таа братска контемплативна мистика која знае да гледа на големината на светоста на ближниот, да го открие Бог во секое човечко битие и да поднесува искушението на заедничкиот живот – поттикна папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот