Папата до Бенедиктинците: „Не се обесхрабрувајте“
Светиот Отец утрото на 8 септември 2016 се обрати до учесниците на меѓународниот Конгрес на бенедиктинските игумени, кој се одржува во Рим, поздравувајќи го посебно нивниот поглавар, отец Ноткер Волф на кој му се заблагодари за службата која ја извршува послендите години.
Папата истакна дека меѓународниот конгрес, кој во Рим редовно се одржува, повикува на размислување за монашката харизма на свети Бенедикт и за тоа како да се остане верен во светот кој се менува, што во оваа прилика има посебно значење, во контекст на Година на милосрдието. „Тоа е истиот оној Христос кој нè повикува да бидеме „милосрдни како што е милосрден Отецот“ (Лк. 6:36); а вие сте привилегирани сведоци на тоа „како“, на тоа „на кој начин“ милосрдно да делувате како Бог. Всушност, веќе по својата контемплација на Исус Христос во кој го откриваме лицето на милосрдниот Отец (Була Misericordiae Vultus, 1), монашкиот живот е сигурен начин за тоа контемплативно искуство да го претворите во лично сведоштво како и сведоштво на заедницата“ – рече Папата.
Папата верува дека денешниот свет сè повеќе и повеќе ја согледува потребата за милосрдие, а всушност тоа е центарот на христијанскиот живот, а во исто време и негов конкретен стил; дух кој ги оживува меѓучовечките односи и нè прави чувствителни за оние во потреба и за солидарност кон нив. „Тоа е она што на крајот ја манифестира веродостојноста на Веста на кои Црквата е чувар и навестител“ – истакна Папата.
Во овој момент – продолжи Папата – монасите и монахињаите имаат посебен повик; дар и посебна одговорност: да ја зачуваат жива духовната оаза, од каде што пастирите и верниците можат да црпат од изворот на Божјото милосрдие. Поради тоа во неодамнешната апостолска конституција Vultum Dei quaerere (бр. 32) се обратив на монахињите, а со самото тоа и на сите монаси: „Нека за вас секогаш вреди мотот на бенедиктанската традиција „Моли и работи“, кое учи да се пронајде рамнотежна поврзаност меѓу напнатоста кон Апсолутниот и зафатеноста во извршувањето на секојдневните обврски; помеѓу контемплативното молчење и подготвеноста за служење“ – нагласи папа Фрањо.
Обидувајќи се со Божја милост да живеете милосрдно во своите заедници, вие од сите ваши манастири по целиот свет, го навестувате евангелското братство, а тоа го правите со активно, но воочливо молчење кое во бучниот и немирен живот на светот, му дозволува на Бог да говори. Тишината која што ја почитувате и чии чувари сте, нека биде неопходен предуслов за поглед на верата која во личната историја ја прифаќа Божјата присутност, во оние браќа и сестри кои Господ ви ги праќа како и во настаните на современиот свет“ (бр. 33) – рече Папата и продолжи.
„Живеете ли одвоено од светот, вашата одредба не е неплодна, туку станува „богатство, а не пречка во заедништвото“ (бр.31). Вашата работа во согласност со молитвата ве прави учесници во творештвото на Бог и ве прави солидарни со сиромашните кои не можат да живеат без работа (бр.32). Со своето типично гостопримство можете да ги сретнете срцата на најзагубените и најоддалечените; оние кои се наоѓаат во услови на големо човечко и духовно сиромаштво“ – ги охрабри Светиот Отец.
„И вашата ангажираност за формација и обука на младите исто така е многу ценета. Студенти на вашите училишта и со вашето сведоштво со животот, може исто така да станат експерти во човештвото кое произлегува од бенедиктинските правила. Вашиот контемплативен живот е привилегиран канал кој го исхранува заедништвото со браќата од Источните цркви“ – рече Светиот Отец.
„Нека во овој Конгрес се зајакне вашето заедништво за да бидете секогаш во служба на заедништвото и соработката меѓу манастирите. Не се обесхрабрувајте со тоа ако бројот на монашките заедници опаѓа или старее; туку напротив, сочувајте ја страста на своето сведоштво, па и и во оние земји каде денес многу тешка е верноста во харизмата и храброста за основање на нови заедници“ – поттикна Светиот Отец.
„Вашето служење за црквата е многу скапоцено зашто и денес се потребни мажи и жени кои со ништо не условуваат за Христовата љубов (Правило на свети Бенедикт, 4,21; 72,11); кои секојдневно се хранат со Божјото Слово; достојно ја слават светата Литругија и радосно и трудољубиво работат за хармоничен соживот со созданијата!“ Папа Фрањо на крајот на средбата ги поздрави учесниците на Конгресот, ги благослови и се препорача во нивните молитви.
РВ/к.мк