Папата донира за жителите на островoт Лезбос погодени од земјотресот

Папата донира за жителите на островoт Лезбос погодени од земјотресот

Папата Фрањо дарува 50.000 евра за жртвите од земјотресот, кој на 12 јуни го погоди југот на грчкиот остров Лезбос. Оваа вест ја соопшти нунцијатурата во Грција.

Неочекувана донација

Неочекувана донација, конкретен знак на близина и наклонетост на папата Фрањо кон народот кој е изнемоштен од силниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихетровата скала  – објасни водителот на работите во нунцијатурата монс. Масино Катерин. Донацијата пристигна откако надбискупот Николас Принтесис, апостолски администратор на бискупијата Хиос побара од нунцијатурата да се извести Светиот Отец за ситуацијата на островот.

Гест со екуменска вредност. Донација за православната населба Врис

Даруваните средства ќе бидат доделени во православната населба Врис, која по првиот потрес буквално е срамнета со земјата. Под урнатините загина 43 годишна жена. Три дена по трагедијата населбата ја посети Јеронимус II, православниот архиепископ на Атиина и цела Грција. Донацијата на Папата има голема вредност и од екуменско гледиште, бидејќи парите ќе бидат искористени за мнозинското православно население – истакна монс. Катерин. На Лезбос, имено има само 50 католици – додаде монсињорот.

Голема благодарност од островот Лезбос до Папата

Следниот вторник, заедно со надбискупот Принтесис ќе го посетиме Врис – рече водителот на работите во Апостолската нунцијатура. Ќе се сретнеме со локалните власти и ќе одлучиме како конкретно да се употребат средствата кои ги дарува Светиот Отец. На островот Лезбос кон Папата се чувствува голема благодарност и наклонетост, тој знае дека проблемите со земјотресот се надоврзуваат, како и на првата криза поврзана со бегалците – рече на крајот монс. Катерин.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот