Папата: Добрите исповедници немаат работно време

Папата: Добрите исповедници немаат работно време

Добрите исповедници немаат работно време, исповедаат секогаш кога верниците тоа го бараат, и се вистински пријатели на Исус Кој се радува ако изобилува милосрдието – рече папата Фрањо на 17 март 2017 година на учесниците по курсот за исповед, во организација на Апостолската покорничара.

Покорничарна е еден вид на суд кој го сакам, затоа што е суд на милосрдието – рече веднаш на почетокот Светиот Отец и истакна три работи кои мора да ги поседува добриот исповедник. Пред сѐ треба да биде вистински пријател на Исус, што значи дека треба да се потопува во молитвата. Така – според зборовите на Папата – ќе ја избегне грубоста и неразбирањето кои понекогаш можат да се појават и во таа светотаинска средба. Исус сигурно ќе се радува ако изобилно го користиме Неговото милосрдие.

Исповедникот кој моли добро знае дека тој самиот е грешник и прв на кој му е простено – истакна Светиот Отец. Затоа молитвата е главната гаранција за избегнување на секое грубо однесување кое залудно го суди грешникот, а не гревот. Во молитвата треба да се бара дарот на ранетото срце, кое е способно да ги сфати раните на другите луѓе и да ги исцели со елејот на милосрдието, како оној со кој Добриот Самарјанин ги зали раните на полумртвиот човек, кон кој никој немал милост (Лк 10, 34) – рече Папата потсетувајќи на делот од Евангелието според Лука.

Второ, добриот исповедник е човек на Духот, човек на расудувањео. Колку зло доаѓа во црквата заради недостатокот на расудување! – истакна Папата. Духот ни помага да се поистоветиме со оние кои доаѓаат во исповедилницата, и да ги придружуваме со мудро и зрело расудување и вистинско сочувство за нивното трпење, предизвикано со сиромаштвото на гревот – рече папата Фрањо и додаде: Исповедникот не ја врши својата волја и не ја поучува сопствената наука. Тој е повикан секогаш да ја врши само Божјата волја, во полно заедништво со Црквата, чиј е службеник односно слуга – истакна Папата. Расудувањето го воспитува погледот и срцето, поттикнувајќи чувствителност на духот, кој е толку потребно пред човекот кој ни го отвора светилиштето на својата совест за да прими светлина, мир и милосрдие.

Папата Фрањо потоа потсети дека оние кои доаѓаат во исповедилницата можат да дојдат од најразлични причини; некој би можел да има и вистински душевни растројства, а во тие случаи не треба да се двоуми, туку треба да се обратат до оние кои во бискупијата се задолжени за таа чувствителна и потребна служба, односно егзорцизам. Но и тие мора да бидат избрани многу внимателно и со многу претпазливост. Меѓутоа – истакна – и пречката може во голем дел да е психичка, а тоа треба да се утврди во здрава соработка со човечката наука.

Трето, исповедилницата исто така е место за евангелизација и формација, затоа што овозможува средба со вистинското Божјо лице, кое е лице на милосрдието. Иако во краток разговор кој го има со покорникот, исповедникот е повикан да разликува што е покорисно и што дури е потребно на духовниот пат на тој брат или сестра, а понекогаш ќе биде потребно повторно да се пренесат најосновните верски вистини. Станува збор за непосредно и мудро расудување кое за верниците може да биде многу корисно – рече папата Фрањо.

Имено, исповедникот е повикан секојдневно да оди на „периферијата на злото и гревот“… а таа е грда периферија! … и неговото делување е вистински пасторален приоритет. Исповедта е пасторален приоритет – истакна Светиот Отец и поттикна – ве молам, не дозволувајте да има соопштение: „Исповед само во понеделник и среда од толку до толку часот“ – рече Папата. Исповедај секогаш кога тоа од тебе се бара. И ако си таму и молиш, седиш во отворена исповедилница која е отвореното Божјо срце.

Папата на крајот потсети на една народна приказна која зборува за Петар кој стоi на вратите на Рајот и го одредува влезот на душите на покојните. А Пресвета Богородица, кога ќе здогледа некој крадец, му дава знак да се сокрие и подоцна, ноќта го повикува и го пушта да влезе низ прозорецот. Тоа е народна приказна – рече Папата – но така е убаво да се простува со Мајката во близина. Бидејќи таа жена, тој маж кој доаѓа во исповедилницата, има мајка на небото која ќе му ја отвори вратата и ќе му помогне во моментот да влезе во Небото. Пресвета Богородица ни помага и нас во искажувањето на милоsрдието – рече папата Фрањо и после благословот, средбата заврши предизвикувајќи насмевката кај присутните, предупредувајќи: Немојте да кажете дека крадците одат во небото!

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот